| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Во војната и во животот премногу работи се непредвидливи.
Научете ги офанзивните стратегии на животот што од нас бара иницијатива и преговарање од позиција на сила, избегнете битка што не може да се добие, а победете во суптилната социјална игра на секојдневието.
Големите воини и на бојните полиња и во дневната соба покажуваат разумност, агилност и смиреност. Благодарение на своето длабоко разбирање, рационалните, досетливите и интуитивните секогаш ги победуваат паничните и некреативните луѓе кои немаат план.
Во препознатливиот стил на Грин, од катастрофални грешки до генијални потези, од Наполеон до денешните генерали, од самурајски мечувалци до дипломати – секое од овие 33 поглавја ќе ве подготви за стратегија што ќе ви помогне да ги добиете сите животни битки. Оваа книга е психолошката муниција што ви е потребна за да ги надминете шемите на неуспех и за да ја имате победата секогаш на своја страна.
„Помеките души оваа книга ќе ја сметаат за застрашувачка. Оние чиј морален компас е ориентиран исклучиво кон моќта – имаат совршен водич.“
Паблишерс викли
Роберт Грин (Лос Анџелес, 14.5.1959) е еден од најпопуларните американски писатели и предавачи. Има завршено класични студии на Универзитетот „Беркли“. Живеел во Њујорк, Лондон, Париз и Барселона. Зборува повеќе јазици и некое време работел како преведувач. Неговата прва книга, „48 закони на моќта“ (The 48 Laws of Power) стана бестселер и преведена е на седумнаесет јазици. Други негови книги се „Уметноста на заведувањето“, „Законите на човечката природа“, „Мајсторство“. Врз основа на искуствата од повеќе војни, книгата „33 стратегии на војувањето“ дава значајни увиди и совети за секојдневните животни борби.
Весниците и социјалните медиуми со внимание ја следат неговата активност, а од „Индепендент“ го нарекоа дури и модерен Макијавели. Некои популарни рапери, како Кени Вест, Јанг Бак и Баст Рајмс, ги споменуваа книгите на Грин во своите песни.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам