| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Ако сакате да бидете херој, тоа е лесно. Само вршете си ја должноста!
Уште една инспиративна книга за доблестите на секојдневните херои од популарниот автор на Намести си го креветот! Потсетник дека насекаде околу нас постојат херои слични на оние кои Мекрејвен ги среќавал во својот живот.
Кога бил мал Мекрејвен сонувал да стане супермен, да има супермоќи со кои ќе им помага на луѓето. Но растејќи и патувајќи низ светот, сфатил дека насекаде има такви херои. Обични луѓе со квалитети што им даваат моќ да помагаат и да го направат светот поубаво место за живеење. Луѓе со физичка и морална храброст и длабоко чувство за интегритет, подготвени да се жртвуваат за другите. Секој од нас го носи во себе тој вроден код што постои уште од настанувањето на човечкиот род. Во секој од нас се крие херој.
Кодексот на хероите не е сложувалка или некоја тајна порака. Не е шифра, таен јазик или некаква загатка. Тој е збир од непишани правила за однесување, лекции за доблеста кои стануваат темел на нашиот карактер додека градиме животот вреден за почит.
Вилијам Х. Мекрејвен е пензиониран адмирал во Американската воена морнарица. Во триесет и седумте години што ги поминал како припадник на специјалната единица ФОКИ бил на командни позиции на сите нивоа. Како адмирал со четири ѕвезди, неговата последна задача беше командант на сите американски сили за специјални операции. Во периодот од 2015 до 2018 година ја вршеше функцијата ректор на Универзитетскиот систем на Тексас.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам