| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Запалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне!
Секојдневни средби со Тони де Мело, од недела во недела, во текот на целата година. Таква е оваа книга. Поделена на педесет и две поглавја, во кои секој неделен дел е клучен пасус од ремек-делата на Де Мело.
Сме научиле среќата да ја бараме надвор од себеси, па кога со своите напори не можеме да оствариме духовно исполнет живот, се обвинуваме и самоосудуваме. Ништо на светот не може да ни даде среќа. Зошто? Зашто веќе ја имаме. Исто како што ги имаме и спокојот и љубовта. Тие се кодирани во нашата ДНК. Не се стекнати или заработени. Живеат во нас за да бидат изразени низ нас. Единствениот потребен напор не е напор. Тоа е согледување и отфрлање на лажните верувања што нè спречуваат.
Ако некогаш се посомневате во моќта на оваа книга, во Де Мело и во себе, навратете се на неговото ветување: „Не сум запознал ниту еден човек што не ја забележал разликата по неколкунеделна посветеност на постигнувањето свесност“.
„Компас за животот, мапа за среќата.“
Тарнер сторис
Ентони де Мело е роден во 1931 г., во Бомбај, Британска Индија. Тој е езуитски свештеник и психотерапевт кој се прославил со своите духовни книги. Се смета за еден од најистакнатите духовни учители на дваесеттиот век, широко почитуван благодарение на револуционерниот пристап во поврзувањето на западната и источната духовност. Има одржано многу семинари за духовност, работилници, групни молитви и терапии низ целиот свет – работа во која бил вклучен цели осумнаесет години. Познат е по својот харизматичен стил и употребата на кратки приказни, бајки и шеги како начин за директно пренесување на длабоки духовни вистини, наместо долги теолошки дискусии.
Автор е на ремек-делата Будење и Патот на љубовта, заедно со единаесет други книги кои се преведени на многу светски јазици и се продадени во над два милиона примерока. Несмалено е влијанието на неговиот обемен опус, на неговата практична и отворена духовност и по неговата прерана смрт во 1987 година, што го признаваат и некои од најпознатите духовни учители на нашата ера, вклучувајќи ги Ронда Бирн, Екарт Тол, Адјашанти, Томас Мур и Пауло Коелјо.
Види повеќе
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам