| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Квадрантот на протокот на парите ќе ви открие многу работи што не се учат во школо: зошто некои луѓе помалку работат, а повеќе заработуваат, плаќаат пониски даноци и се финансиски посигурни од другите. Тајната е во тоа да научите од кој квадрант да дејствувате и кога.
Книга што ќе ви го промени начинот на размислување за работните места, кариерата и поседувањето сопствен бизнис и ќе ве инспирира да ги научите правилата што богатите ги користат за да ги создадат своите империи. Дали некогаш сте се запрашале:
- Која е разликата меѓу (само)вработен и бизнисмен?
- Зошто некои инвеститори заработуваат со помал ризик?
- Како некои луѓе се осмелуваат да дадат отказ и да почнат сопствен бизнис?
- Зошто во индустриската ера беше важно да се добие диплома, а денес врвни дипломци работат за луѓе кои не го завршиле образованието и сепак се меѓу најбогатите на светот: Бил Гејтс, Ричард Бренсон, Мајкл Дел, Тед Тарнер?...
Ова е книга за сите луѓе кои се подготвени да тргнат по сопствениот пат до финансиска слобода, наместо да се потпираат на сигурното вработување; кои сакаат да извршат коренити промени во својот живот; кои се подготвени да преминат од индустриската во информатичката ера. Квадрантот на протокот на парите е ваш незаменлив водич во нашиот современ свет на сè поголеми финансиски промени.
Роберт Т. Киосаки „Основната причина за финансиските проблеми што ги мачат луѓето е тоа што со години се школуваат, но не научуваат ништо за парите. Резултат на школувањето е што научуваат да работат за пари... но никогаш не научуваат како да ги натераат парите да работат за нив“, вели Роберт. Роден и пораснат на Хаваите, Роберт е четврта генерација Американци од јапонско потекло. Потекнува од семејство на угледни просветни работници. Неговиот татко раководел со Секретаријатот за образование на Сојузната држава Хаваи. По средното училиште, Роберт се школувал во Њујорк, а по дипломирањето се пријавува во Поморско-десантните сили на САД и како пилот-маринец заминува во Виетнам, каде што служи како офицер и пилот на воен хеликоптер. По враќањето од војната, Роберт ја почнува својата кариера во бизнисот. Во 1977 година основа компанија која прва на пазарот исфрла „сурферски“ паричници од најлон и со специјална лента наместо патент, што прераснаа во светски познат производ продаван во мултимилионска вредност. Тој и неговиот производ се појавуваат во најеминентните американски и светски списанија. Напуштајќи го светот на бизнисот, во 1986 година станува соосновач на меѓународна едукативна компанија која работи во седум земји, и на десетици илјади слушатели, посетители на неговите семинари, им држи предавања на темите бизнис и инвестиции. Откако се пензионира на четириесет и седумгодишна возраст, Роберт знае во што најмногу ужива... во инвестирањето. Загрижен за растечкиот јаз помеѓу оние што имаат и оние што немаат, Роберт ја осмисли играта Кешфлоу, преку која се учи играта со пари, што порано ја знаеја само богатите.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам