×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зошто никој не ми го кажал ова порано?

Зошто никој не ми го кажал ова порано?

Д-р Џули Смит


Издавач: Паблишер
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 320
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Џули Смит
ISBN: 9786085021109
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
450 ден.

Самодовербата е домот што го градите за себе.

Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Џули Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици.

Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје.

Ова не е книга која нè враќа во детството во потрага по основната причина за проблемите. Таа е современ и практичен водич за одржување на менталното здравје и за живот во хармонија со себе.

Д-р Џули Смит

Д-р Џули Смит

Д-р Џули Смит е клинички психолог, популарна авторка и блогерка, со приватна ординација во Хемпшир, Велика Британија. Родена е на 7 март 1984 година. Во својата десетгодишна работа како психолог им помогнала на многу поединци и двојки да ги надминат анксиозноста и депресијата и да стекнат самодоверба. Од ноември 2019 година споделува видеа за теми поврзани со менталното здравје на ТикТок, каде што има над 4 милиони следбеници. Социјалните медиуми и платформи ги користи заради едукација за менталното здравје и воопшто за човековата благосостојба. Таа е вистински онлајн извор за совети за менталното здравје и за справување со најчестите проблеми во однесувањето и во врските. Нејзината дебитантска книга „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ беше бестселер во 2022 година и веќе е преведена на неколку светски јазици. Честа гостинка е во повеќе телевизиски и радиоемисии, како и на страниците на повеќе списанија.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира