Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Дали сте во потрага по начин за водење успешен бизнис? Дали се соочувате со кризен период во компанијата или во приватниот живот? Решението е во динамичниот модел на лидерство.
Овој несекојдневен модел на лидерство се има докажано во надминувањето на многу професионални и лични проблеми, како и во успешното менаџирање на многу предизвици за тие да не се претворат во кризи. Тој ви нуди применливи стратегии за управување и организирање на бизнисот, како и за правилно комуницирање во една компанија, што доведува до високи резултати и задоволство од работењето.
„Капетанот за кризни ситуации“ Милан Крајнц развил динамичен модел кој обезбедува ненаметлив начин за воведување промени во системот. Како што вели самиот, „во тој процес се користат ментални вежби и организациони пристапи кои ни помагаат да се ослободиме од нашите товари од минатото низ седум фази на трансформација, по што сфаќаме дека целиот свет е внатре во нас и дека токму ние сме тие што треба да се развијат ‒ и тоа однатре! Тоа е начинот на којшто можеме да си ја најдеме целта на постоењето и да ја развиеме посветлата страна на нашите животи“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам