| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“.
Во Како да го излечите својот живот таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“
Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.
Лујза Хеј е авторка на голем број бестселери од областа на здравјето и влијанието на добрата мисла во човековиот живот. Позната е по тоа што покажа дека позитивните изјави, т.е. афирмации, можат да доведат до конкретни позитив ни промени во животот на секој човек. Со своите книги и со многубројните предавања од областа на духовниот развој, инспирира милиони луѓе низ светот. Над триесет години им помага на луѓето на сите меридијани да го откријат и искористат целиот потенцијал на своите креативни сили за личен развој и самоисцелување.
Таа е основач и претседател на „Хеј хаус“, компанија што издава и дистрибуира книги, цедеа, дивидија и други производи што придонесуваат за исцелување на планетата. Лујза Хеј е авторка на над триесет книги за возрасни и за деца, меѓу кои се вбројуваат Како да го промените својот живот, Сакајте се себе до совршено здравје, Јас можам и Излекувајте го своето тело. Книгата Животот те сака, напишана заедно со Роберт Холден, ги истражува подлабоките значења и практичните примени на изја вите по кои Лујза Хеј е позната. Нејзиниот бестселер Моќта е во вас е продадена во над педесет милиони примероци во светот.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам