×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ми велеа дека сум пречувствителна

Ми велеа дека сум пречувствителна

Федерика Боско


Издавач: ТРИ
Автор: Федерика Боско
ISBN: 9786082308050
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
420 ден.

Пречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!

 

Имаш ненадејни промени во расположението? Непријатно ти е меѓу непознати? Кога гледаш дека некој се чувствува лошо, знаеш што треба да направиш за да му биде подобро? Не сакаш метеж, врева или насилство? Ако на сите овие прашања си одговориш потврдно, тогаш со сигурност си пречувствителна личност и тоа ти создава тешкотии во животот.

Федерика Боско отсекогаш знаела дека е пречувствителна. Уште од мала не ги сфаќала работите како другите деца, туку сѐ доживувала на своја кожа и многу подлабоко. Овој нејзин интимен дневник е практичен прирачник за сите кои размислуваат многу и се грижат премногу, но истовремено и за оние кои сакаат да ги разберат пречувствителните луѓе. Анализирајќи ја психата со сите нијанси на човековата душа, таа им нуди стратегија на луѓето кои живеат во подвоеноста на своите комплицирани и фасцинантни личности.

Пречувствителноста не е слабост! Таа може да биде твојата тајна моќ. Со практичните совети на Боско можеш својата пречувствителност да ја претвориш во предност, да се ослободиш од лошите луѓе и ситуации и да му се радуваш на животот.

Федерика Боско

Федерика Боско

Федерика Боско е современа италијанска писателка и режисерка. Родена е на 25 септември 1971 година, во Милано. Проживеала многу тегобно детство, била пречувствителна, срамежлива личност и интроверт. За да го променат тоа, родителите ја праќале на балет, пијано, француски јазик, но сите тие обиди завршиле поради нервниот слом што го доживеала на 12 години. Со влегувањето во тинејџерскиот период и револуционерниот дух на осумдесеттите години, бунтовноста полека ја надминала срамежливоста.

Иако завршила Правен факултет, во 1992 ја напуштила Фиренца и почнала да патува низ светот како кореограф и аниматор учејќи ги различните култури. По пет години се вратила во свет во кој веќе не припаѓала. Со цел да биде независна, работела на повеќе позиции кои не ѝ се допаѓале – како туристички водич, продавачка во парфимерија и секретарка.

Со објавувањето на првата книга ѝ се менува целиот живот – доживува слава, а книжевните идеи стануваат незапирливи. „Смртно вљубена“, објавена во 2005 година, достигнала 18 резиданија за 2 години. Со книгата „СОС љубов“ била финалист за наградата „Банкарела“ и освоила второ место.

Во 2011 ја објавила „Вљубена во ангел“, која веднаш постигнала голема популарност. Во 2012 година, по објавувањето на „Луд по мене“, следувала филмувана верзија од книгата, во режија на Фаусто Брици.  Во 2018 година ја објавува книгата „Ми велеа дека сум пречувствителна“.

Денес среќно живее во Рим, што е доказ за нејзината трансформација од човек со кршлив карактер до здрава индивидуа.

 

Види повеќе