×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Отворете кога...

Отворете кога...

Д-р Џули Смит


Издавач: Паблишер
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Број на страници: 328
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Џули Смит
ISBN: 9786085021314
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
550 ден.

Кога ви е тешко да бидете со самите себе или со другите – отворете ја оваа книга
 

Се чувствувате прегорено? Ви се распаѓаат врските? Се сомневате во себе? Го губите правецот?... Отворете ја оваа книга секогаш кога ќе ви затребаат охрабрување и мотивација! Зашто таа е водич за животните пресврти. За моментите кога станува комплицирано да се живее. Задолжителен придружник на претходниот бестселер на Џули Смит „Зошто никој не ми го кажа ова порано“. Книга што треба да ја отворите и да ѝ се обратите кога ќе се најдете среде бура.

Кога сте преоптоварени, збунети или претерано самокритични, кога не знаете како да постапите на работа или да се изборите со распаѓањето на врската, советите на Џули Смит ќе ви помогнат да се снајдете нудејќи смиреност, јасност и фокус кон најдобриот пат што води напред.

Дознајте како да ги решите секојдневните проблеми! Овие се зборовите што треба да ги чуете за да застанете на нозе, чувствувајќи се повеќе од подготвени за совладување на новите пречки што животот ви ги поставил на патот.

„Апсолутно извонредна! Оваа книга ми требаше пред 30 години.“

Мел Робинс, авторка на Теоријата пушти ги

Д-р Џули Смит

Д-р Џули Смит

Д-р Џули Смит е клинички психолог, популарна авторка и блогерка, со приватна ординација во Хемпшир, Велика Британија. Родена е на 7 март 1984 година. Во својата десетгодишна работа како психолог им помогнала на многу поединци и двојки да ги надминат анксиозноста и депресијата и да стекнат самодоверба. Од ноември 2019 година споделува видеа за теми поврзани со менталното здравје на ТикТок, каде што има над 4 милиони следбеници. Социјалните медиуми и платформи ги користи заради едукација за менталното здравје и воопшто за човековата благосостојба. Таа е вистински онлајн извор за совети за менталното здравје и за справување со најчестите проблеми во однесувањето и во врските. Нејзината дебитантска книга „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ беше бестселер во 2022 година и веќе е преведена на неколку светски јазици. Честа гостинка е во повеќе телевизиски и радиоемисии, како и на страниците на повеќе списанија.

Види повеќе