| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Задолжителен водич за разгорување на мотивацијата и за живот каков што посакувате.
Се мачите да се самомотивирате? Се чувствувате заглавени, неспособни да ги завршите главните задачи? Не можете долго да ја одржите мотивацијата?
Ако е така, јасно е дека е време за промени! Tреба да направите само неколку работи што ве делат од успехот. А првиот чекор е оваа книга! Со директни упатства и интересни вежби, Тибо Морис покажува како да го организирате денот и да ги исчистите мислите и околината од непотребните пречки за да ја разгорите мотивацијата. Со примена на неговите докажани техники, го насочувате внатрешниот порив кон вистинските цели, ја обновувате и ја одржувате својата мотивација. Ако секојдневно го разгорувате нејзиниот пламен, ќе напредувате во сите области од животот.
Со „Завладејте со својата мотивација“ лесно се ослободувате од чувството на заглавеност и секојдневно напредувате. Ваш задолжителен водич за живеење на животот што го сакате!
„Совршена за сите кои едноставно не можат да излезат од рутината, а сакаат да го надминат одложувањето.“
Амазон ривју
Тибо Морис е автор, тренер и основач на whatispersonaldevelopment.org. Со свои статии има учествувано на многу познати веб-страници за личен развој, како Lifehack, TinyBuddha, MotivationGrid, PickTheBrain, DumbLittleMan и FinerMinds. Тибо е роден во Франција, но повеќе години живее во Јапонија, каде што студирал и започнал да работи за јапонската влада како координатор за меѓународни односи. Обземен од идејата за самоподобрување и фасциниран од моќта на умот, неговата лична мисија е да им помага на луѓето да го остварат својот полн потенцијал и да достигнат повисоки нивоа на исполнетост и свесност. Како што вели самиот: „Пишувам едноставни, практични книги за самопомош за обични луѓе кои бараат извонредни резултати“. Тибо е автор на над 20 книги. „Завладејте со своите емоции“, бестселер на Амазон, е продаден во над 200.000 примероци и е преведен на повеќе од 10 јазици, вклучувајќи француски, шпански, германски, кинески, тајландски и руски.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам