×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зошто спиеме

Зошто спиеме

Метју Вокер


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 368
Година на издавање: 2026
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Метју Вокер
ISBN: 9786082810294
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
690 ден.

Повторувањето не е само мајка на знаењето. Повторувањето, заедно со добар сон, води кон совршенство. 

Бестселер на Њујорк тајмс и меѓународна сензација, „стимулативна и значајна книга“, како што ја нарече Фајненшал тајмс, е нурнување во целта и моќта на спиењето. Сонот е еден од најважните, но и еден од најнеразбраните аспекти на нашиот живот.

До неодамна науката немаше одговор на прашањето зошто спиеме, или зошто страдаме од толку катастрофални последици кога не спиеме. Истакнатиот експерт за спиење Метју Вокер нуди ново разбирање за виталната важност на спиењето и сонот. Ни дава експлозија од научни откритија што во последните дваесет години фрлија во сенка речиси сè што важеше за основниот аспект на нашите животи.

Вокер ни дава одговори на многу значајни прашања: што навистина се случува за време на РЕМ-спиењето, зошто нашите модели на спиење се менуваат во текот на животот, како ни влијаат вообичаените помагала и дали долгорочно ни штетат, како да го искористиме спиењето за да ги подобриме помнењето, енергијата и хормоните, да спречиме рак, Алцхајмерова болест или дијабетес, да ја зголемиме долговечноста, да го подобриме животниот век, нашата ефикасност и продуктивност.

Навистина просветлувачки!

 

„Фасцинантна книга! Вокер ме научи многу за оваа основна активност што му треба буквално на секој човек. Претпоставувам дека ќе го стори истото и за вас.“

Бил Гејтс

Метју Вокер

Метју Вокер

Метју Вокер е современ британски автор, научник и професор по невронаука и психологија на Калифорнискиот универзитет во Беркли. Неговата научноистражувачка работа е посветена на влијанието што спиењето го има врз здравјето на луѓето.

Роден е во 1972 година, во Ливерпул. Дипломирал невронаука на Универзитетот во Нотингем, во 1996 година, а докторирал неврофизиологија на Универзитетот „Њукасл“ во 1999 година, каде што неговото истражување било финансирано од Одделението за неврохемиска патологија на Советот за медицински истражувања (MRC).

Од 2004 до 2007 година предавал психијатрија на Харвардската медицинска школа, каде што спровел неколку експерименти за влијанието на спиењето врз постигнувањата на студентите. Од 2007 година работи како професор по невронаука и психологија на Калифорнискиот универзитет во Беркли. Тој е основач и директор на Центарот за наука за човечкото спиење, кој се наоѓа во Одделот за психологија во УК Беркли, во соработка со Институтот за невронаука „Хелен Вилс“ и Центарот за скенирање на мозокот „Хенри Х. Вилер Џуниор“. Центарот користи методи за снимање на мозокот (МРИ, ПЕТ-скенирање), снимки со електроенцефалографија со висока густина, геномика, протеомика, автономна физиологија, стимулација на мозокот и когнитивно тестирање за да ја истражи улогата на спиењето врз човековото здравје и врз појавата на болести. Во контекст на спиењето д-р Вокер ги истражува Алцхајмеровата болест, Паркинсоновата болест, ракот, депресијата, анксиозноста, несоницата, кардиоваскуларните болести, злоупотребата на дрога, дебелината и дијабетесот.

Има објавено над сто научни студии и гостувал во повеќе ТВ-емисии. „Зошто спиеме“ е негова прва книга.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира