×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување

Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување

Бријана Вист


Издавач: ТРИ
Автор: Бријана Вист
Број на страни: 332
Година на издавање: 2024
ISBN: 9786082309583
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
600 ден.

Среќата не е во тоа колку нешта правиме, туку колку добро ги правимe.

Мора да бидете најсрдечни кон себе тогаш кога ви се чини дека најмалку го заслужувате тоа. Оваа книга ќе ви помогне да бидете искрени кон себе и гордо да застанете пред огледалото соочувајќи се со она што сè се крие зад вашиот одраз.

Светот ќе ви покаже толку добрина колку што вие ќе си покажете себеси, а не колку што заслужувате. Време е да се ослободите од сите заблуди за тоа како треба да го гледате светот и како светот ве гледа вас.

Ова не е обична книга што само се чита, туку и богато искуство што поттикнува на самопроучување и отворање кон позитивни промени. Таа е длабоко, филозофско согледување зошто треба да ја следите целта со страст, да го прифатите негативното размислување, да ја видите мудроста во секојдневната рутина и да станете свесни за сè што ви го одредува животот. На крај, ќе сфатите дека ви го променила начинот на кој размислувате, вашиот живот и вашиот светоглед.

„’Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување’ е внатрешно патување. Како да сте на терапија во сопствената соба. Ако сакате да созреете и длабоко да навлезете во себеси, прочитајте ја оваа книга.“

Гудридс

Бријана Вист

Бријана Вист

Бријана Вист (11.10.1992) е американска авторка, есеистка и поетеса. Препознатлива е по тоа што со своите книги, есеи и статии за свесноста, духовноста и емоционалната интелигенција им помага на луѓето да пребродат многу животни предизвици.

Студирала на Елизабетанскиот колеџ, на кој дипломирала една година пред своите врсници. Напоредно со студирањето била и асистент на Одделот за маркетинг и комуникација, каде што научила како да ги применува маркетинг-техниките при пишувањето статии.

Никогаш не се одвојува од својот бележник, зашто верува дека „идеите прераснуваат во дела“. „Сè започнува со мисла“ е нејзиното мото. Така ги напишала и своите книги „Сто и една лекција што ќе ви го променат начинот на размислување“, „Вистината за сè“, „Планината си ти“,„Начинот на кој заздравуваме“, како и поетската книга „Солена вода“.

Вист во своите статии најчесто зборува за емоционалната интелигенција, идентификувањето на сопствените чувства и справувањето со нив. Една од нејзините најпопуларни објави, „20 знаци дека ти оди подобро отколку што мислиш“, била споделена на социјалните медиуми повеќе од 8 милони пати. Редовно пишува статии и есеи за „Хафингтон пост“ (Huffington Post), „Тин вог“ (Teen vogue), „Алур“ (Allure). Работела и како уредник на „Тот каталог“ (Thought Catalog) – списание кое достигнало до 70 милиони онлајн читатели. Работи како писател и уредник на „Фајн ливинг Ланчестер“. Има свој сајт, „Анатомија на душата“ (Soul Anatomy), со неколку милиони читатели, на кој спојувајќи ги западната психологија и источната филозофија, доаѓа до значајни одговори за многу секојдневни предизвици.

„Планината си ти“, во која опсежно ја обработува темата на самосаботирањето, ѝ носи светска слава. Нејзините книги се преведени на повеќе од 20 јазици и се продадени во над 1 милион примероци. 

Види повеќе