Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Намасте – мојата душа ја поздравува твојата душа, совршеното во мене го препознава совршеното во тебе.
Пред неколку години малкумина знаеја што е икигаи. Со 2,5 милиони продадени примероци од истоимената книга, Гарсија и Миралјес нè запознаа со значењето на тој таинствен збор поврзан со јапонската долговечност. Сега нè носат на ново инспиративно патување, овој пат во Индија, духовната ризница на човештвото.
Традиционалниот хиндуистички поздрав Намасте нè потсетува на божествената искра што секој од нас ја носи во себе. Откривајќи ни го значењето на овој возвишен поздрав, авторите ни нудат пат за обновување на врската со божественото, пат кон хармонија и среќа, за да можеме да создадеме сегашност каква што заслужуваме и иднина за која мечтаеме, за себе и за светот.
Кажете си Намасте себеси и на својот живот. Доживејте ја исцелувачката моќ на мантрата ОМ, откријте како да го прекинете страдањето, да се ослободите од своето его, од вознемиреноста и стравот, да го разбудите својот творечки потенцијал и целиот живот да го поминете исполнети со здравје и енергија.
Франсеск Миралјес е современ шпански писател и музичар. Роден е во 1968 година, во Барселона. Откако завршил германистика, уредувал и превел низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и статии.
Негови најзначајни дела се: „Зимска книга“, „Хаику за Алисија“ (награда „Ангулар“), „Барселона блуз“, „Летен курс во Ирска“, „Интерреил“ (награда „Колумна хове“ во 2006 година), „Разговор за среќата“, „Љубов со мали букви“, „Најубавото место на светот е тука“, „Ваби саби“ „Посакувам да си тука“.
Блиска тема му е и јапонската древна умешност и начин на живот, па заедно со Ектор Гарсија објавуваат три книги поинакви од романите што ги пишува. „Икигаи“ ги открива тајните на јапонската долговечност, а „Ичиго-ичие“ ја раскажува приказната за јапонската практика на целосно живеење во секој миг, а неодамна, во 2022 година се прославија со уште еден заеднички наслов „Намасте“, посветени на индискиот пат кон среќата, задоволството и успехот.
Миралјес има и свои музички албуми. А интересно е дека научил да свири пијано додека работел во едно кафуле.
Денес се смета за еден од најпознатите современи шпански автори.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам