×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Икигаи

Икигаи

Франсеск Миралјес, Ектор Гарсија (Кираи)


Издавач: ТРИ
Автор: Ектор Гарсија (Кираи) Франсеск Миралјес
ISBN: 9786082305059
Жанр: Животен стил
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
280 ден. 380 ден.

Заштедувате 100 ден.

Најдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.

Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.

Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.

Зошто не и вие?

 

 

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес е современ шпански писател и музичар. Роден е во 1968 година, во Барселона. Откако завршил германистика, уредувал и превел низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и статии.

Негови најзначајни дела се: „Зимска книга“, „Хаику за Алисија“ (награда „Ангулар“), „Барселона блуз“, „Летен курс во Ирска“, „Интерреил“ (награда „Колумна хове“ во 2006 година), „Разговор за среќата“, „Љубов со мали букви“, „Најубавото место на светот е тука“, „Ваби саби“ „Посакувам да си тука“.

Блиска тема му е и јапонската древна умешност и начин на живот, па заедно со Ектор Гарсија објавуваат три книги поинакви од романите што ги пишува. „Икигаи“ ги открива тајните на јапонската долговечност, а „Ичиго-ичие“ ја раскажува приказната за јапонската практика на целосно живеење во секој миг, а неодамна, во 2022 година се прославија со уште еден заеднички наслов „Намасте“, посветени на индискиот пат кон среќата, задоволството и успехот.

Миралјес има и свои музички албуми. А интересно е дека научил да свири пијано додека работел во едно кафуле.

Денес се смета за еден од најпознатите современи шпански автори.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира