×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Франсеск Миралјес


Франсеск Миралјес е современ шпански писател и музичар. Роден е во 1968 година, во Барселона. Откако завршил германистика, уредувал и превел низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и статии.

Негови најзначајни дела се: „Зимска книга“, „Хаику за Алисија“ (награда „Ангулар“), „Барселона блуз“, „Летен курс во Ирска“, „Интерреил“ (награда „Колумна хове“ во 2006 година), „Разговор за среќата“, „Љубов со мали букви“, „Најубавото место на светот е тука“, „Ваби саби“ „Посакувам да си тука“.

Блиска тема му е и јапонската древна умешност и начин на живот, па заедно со Ектор Гарсија објавуваат три книги поинакви од романите што ги пишува. „Икигаи“ ги открива тајните на јапонската долговечност, а „Ичиго-ичие“ ја раскажува приказната за јапонската практика на целосно живеење во секој миг, а неодамна, во 2022 година се прославија со уште еден заеднички наслов „Намасте“, посветени на индискиот пат кон среќата, задоволството и успехот.

Миралјес има и свои музички албуми. А интересно е дека научил да свири пијано додека работел во едно кафуле.

Денес се смета за еден од најпознатите современи шпански автори.