Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Заштедувате 70 ден.
Ако знаете како убаво да ја спакувате сегашноста, таа ќе ви биде вистински подарок.
Во ова наше време на целосно лудило, кога обземени од секојдневните грижи и обврски често не сме во состојба да слушаме туку само површно обрнуваме внимание на она што нѐ опкружува, секој од нас има клуч со кој повторно може да ја отвори вратата за внимание, хармонија со другите и љубов кон животот.
Тој клуч се вика ичиго-ичие.
Тоа е древна јапонска умешност секој миг да го направиме незаборавен, да уживаме во него и да го цениме како скапоцен и неповторлив. Зашто секој миг од животот е мала оаза на среќа. А многу оази заедно, прават океан на среќата.
Секоја средба, сѐ што доживуваме, е непроценливо богатство кое никогаш повеќе нема да се повтори на ист начин. Ако дозволиме да ни избега без да уживаме во него, засекогаш сме го изгубиле. Ако живееме будно, со отворени сетила, нема да дозволиме сегашноста да ни биде само низа од денови. Секој од нас ја има во себе магија да го направи својот живот посебен и незаборавен.
Франсеск Миралјес е современ шпански писател и музичар. Роден е во 1968 година, во Барселона. Откако завршил германистика, уредувал и превел низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и статии.
Негови најзначајни дела се: „Зимска книга“, „Хаику за Алисија“ (награда „Ангулар“), „Барселона блуз“, „Летен курс во Ирска“, „Интерреил“ (награда „Колумна хове“ во 2006 година), „Разговор за среќата“, „Љубов со мали букви“, „Најубавото место на светот е тука“, „Ваби саби“ „Посакувам да си тука“.
Блиска тема му е и јапонската древна умешност и начин на живот, па заедно со Ектор Гарсија објавуваат три книги поинакви од романите што ги пишува. „Икигаи“ ги открива тајните на јапонската долговечност, а „Ичиго-ичие“ ја раскажува приказната за јапонската практика на целосно живеење во секој миг, а неодамна, во 2022 година се прославија со уште еден заеднички наслов „Намасте“, посветени на индискиот пат кон среќата, задоволството и успехот.
Миралјес има и свои музички албуми. А интересно е дека научил да свири пијано додека работел во едно кафуле.
Денес се смета за еден од најпознатите современи шпански автори.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам