×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Човековата потрага по смисла

Човековата потрага по смисла

Виктор Франкл


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 146
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Виктор Франкл
ISBN: 9786082302935
Жанр: Популарна наука
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
280 ден.

На човек може да му се одземе сè, само не и слободата да го избере сопствениот пат

Никој не може да го ослободи човек од страдање, ниту наместо него да страда. Но во страдањето човек треба да согледа можност за духовно воздигнување и единствено остварување. Да се живее, значи да се биде одговорен за давање вистински одговори на суштествените прашања.

Мемоарите на Виктор Франкл за излегувањето од вителот на страдањето влијаеја врз многу генерации со описите на животот во концентрационите логори на нацистичка Германија и со поуките за душевен спас и преживување. Врз основа на личните и на искуствата на другите луѓе што почнува да ги лекува веднаш по завршувањето на војната, Франкл ја развива психотерапевтската школа логопедија. Тој објаснува дека не можеме да го избегнеме страдањето, но можеме да избереме како да го надминеме и да најдеме смисла во него. Зашто постоењето е можно само кога ќе ги зачуваме човечкото достоинство и смислата на животот. Една од десетте книги што има извршено најголемо влијание врз читателите во светот.

Виктор Франкл

Виктор Франкл

Виктор Франкл бил професор по психијатрија и неврологија на Виенскиот универзитет, а дваесет и пет години бил раководител на Виенската невролошка поликлиника, бил претседател на Австриското друштво на психијатри. Основач е на логотерапијата и на егзистенцијалната анализа, кои се познати како „трет виенски правец во психотерапијата“. Бил гостин професор на Харвард, Станфорд и Дукејн, како и почесен професор по логотерапија на Американскиот меѓународен универзитет во Сан Диего.

Франкл е роден во Виена, на 26 март 1905 година. На Виенскиот универзитет прво докторирал медицина, а подоцна и филозофија. За време на Втората светска војна поминал три години во Аушвиц, во Дахау и во други концентрациони логори. Во својата работа ги вградил личното искуство и смелите научни стремежи од областа на психијатриската наука од тоа време. Во текот на четири децении, одржал безброј серии предавања низ светот. Врачени му се вкупно дваесет и девет почесни докторати на универзитети во Африка, Азија, Европа, Северна и Јужна Америка. Добил многу награди, вклучително и наградата „Оскар Фистер“ на Американското здружение на психијатри и почесно членство во Австриската академија на науки.

Триесет и деветте книги на Франкл се досега објавени на педесет јазици и станале неизбежни ориентири како во научното така и во ненаучното третирање на човековата духовност. Преводот на англиски на неговата книга Човековата потрага по смисла (…trotzdem Ja zum Leben sagen – Ein Psychologe erlebt das Konzentrationslager) е продадена во милиони примероци и е вклучена во списокот на „Десет највлијателни книги во Америка“, според истражувањето на Конгресната библиотека.

Виктор Франкл починал на 2.9.1997 година, во Виена. 

Види повеќе