Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Во 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет витални принципи за да се спротивставиме на исцрпувачкиот данок што неминовно гиоси нашата желба за уредување на светот според нашите мерила.
Во време кога човечката волја се наметнува над секоја сфера во животот, од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби, Питерсон нуди стратегии со чија помош можеме да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се чувствуваме немоќни. Иако хаосот ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да нè скамени и да нè натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по птавиот и тесен пат што го дели.
„Највлијателниот интелектуалец во денешниот западен свет“
Њујорк Тајмс
Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Дипломирал на Катедрата по политички науки во 1982 година, а потоа и на Катедрата по психологија во 1984 година, на Универзитетот во Алберта, а докторските студии по клиничка психологија ги завршил на Универзитетот Мекгил. Познат е по своите конзервативни ставови за религијата, за половите и феминизмот.
Автор е на Мапи на значењето: архитектура на верувањето (1999), дело во кое се разгледуваат неколку академски полиња и кое успеа да ја трансформира психологијата на религијата. Во 2018 година го објави делото Дванаесет животни правила: противотров за хаосот, кое стана меѓународен бестселер – преведено е на 50 јазици и продадено во над два милиона примерока. Со своите ученици и колеги, д-р Питерсон има објавено повеќе од сто научни трудови, унапредувајќи го современото разбирање на креативноста и личноста и пет последователни години беше номиниран за еден од најдобрите универзитетски професори во Онтарио.
Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на Дванаесет животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам