×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кога телото вели не

Кога телото вели не

Габор Мате


Издавач: ТРИ
Автор: Габор Мате
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Димензија: 14 x 20.5 cm
ISBN: 9786082308678
Жанр: Популарна наука
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
550 ден.

Кога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни зборува, треба да го слушаме.

Може ли човек буквално да умре од осаменост? Дали постои „рак-личност“? Зошто и како се појавуваат артритис, дијабетес, срцеви заболувања, мултиплекс склероза... и дали можат да се излечат?

Врз основа на научните истражувања и своето повеќедецениско искуство, д-р Мате дава одговори на многу важни прашања за ефектот на телоумот врз здравјето и улогата што стресот и индивидуалната емоционална структура ја имаат во многу болести. „Целта на оваа книга е да го опише влијанието на стресот врз здравјето. Тој е толку длабоко скриен и сраснат со нас што го чувствуваме како дел од себе. Се обидуваме да го разбереме телото одвојувајќи го од умот, но тоа е голема предрасуда“, вели д-р Мате.

„Кога телото вели не“ изобилува со животни приказни на многу пациенти. Таа е откровение што придонесува за трансформативни сознанија за тоа дека болеста е начин на кој телото му кажува „не“ на она што умот не може да го признае.

„Габор Мате вешто ги обединува последните достигнувања во биомедицината со личните приказни на пациентите овозможувајќи ни длабок увид во тоа како искуствата го обликуваат нашето здравје и однесување. Книга што мора да се прочита.“

Брус Липтон, автор на „Биологија на верувањето“

„Ова е мошне важна книга, и за докторите и за обичните луѓе. Во секој случај спасува животи.“

Питер Левин, доктор по трауматски стрес

Габор Мате

Габор Мате

Д-р Габор Мате е унгарско-канадски доктор и автор, почитуван психотерапевт, експерт за детски развој и признат специјалист во лекувањето на зависности со над 40-годишно истражувачко и клиничко искуство. Автор е  на повеќе меѓународни бестселери што се објавени на 25 јазици.

Роден е на 6 јануари 1944 година, во Будимпешта. Имал тешко детство. Баба му и дедо му биле убиени во Аушвиц кога тој имал само пет месеци. Тетка му исчезнала за време на војната, а татко му вршел принудна работа за Националсоцијалистичката германска работничка партија. Во 1956 година семејството емигрирало во Канада. Студирал за време на Виетнамската војна во доцните шеесетти години и се здобил со диплома на Универзитетот во Ванкувер. Откако извесно време предавал како професор по англиски јазик и литература во едно средно училиште, се вратил на Универзитетот за да магистрира.

Во основата на сите негови бестселери лежи долгогодишното практично искуство што го има во областа на медицината и психичкиот развој. Убеден е дека постои цврста врска меѓу психичкото и физичкото здравје и импресионира со својот уникатен, продлабочен и прониклив поглед кон проблемите на стресот, зависното однесување, синдромот на дефицит на внимание и кон други современи предизвици.

Мате водел семејна ординација во Источен Ванкувер над 20 години. Голем број од неговите пациенти, освен проблеми со умственото здравје и психички нарушувања, имале проблем и со употреба на недозволени супстанции.

Д-р Мате е коавтор на иновативниот тераписки пристап за лекување на трауми (Compassionate Inquiry) и на истоимената меѓународна програма за професионална обука со илјадници учесници од над 80 држави. За својата исклучителна работа е награден со Орденот на Канада – највисокото граѓанско одликување во земјата. Документарниот филм за животот и делото на д-р Мате, наречен „Мудроста на траумата“, е гледан од над 6 милиони луѓе во 230 земји.

Автор е на неколку многу продавани книги: Расеани умови: потекло и лечење на нарушеното внимание (Scattered Minds: The Origins and Healing of Attention Deficit Disorder); Кога телото вели не: цената на скриениот стрес; Во земјата на гладните духови: затвореник во светот на зависност (In the Realm of Hungry Ghosts: Close Encounters with Addiction). Заедно со Гордон Нојфелд коавтор е на Држете се до своите деца: зошто родителите мора да бидат поважни од врсниците (Hold On to Your Kids: Why Parents Need to Matter More Than Peers). Поранешен колумнист кој пишува медицински статии за Глоуб енд мејл, доктор Мате ги преплетува научните истражувања, историите на случаи и сопствените сознанија и искуства, нудејќи ни јасна слика која нѐ бодри и поттикнува да си помогнеме, како самите себеси така и на другите во лекувањето.

Види повеќе