Лујза Хеј е авторка на голем број бестселери од областа на здравјето и влијанието на добрата мисла во човековиот живот. Позната е по тоа што покажа дека позитивните изјави, т.е. афирмации, можат да доведат до конкретни позитив ни промени во животот на секој човек. Со своите книги и со многубројните предавања од областа на духовниот развој, инспирира милиони луѓе низ светот. Над триесет години им помага на луѓето на сите меридијани да го откријат и искористат целиот потенцијал на своите креативни сили за личен развој и самоисцелување.
Таа е основач и претседател на „Хеј хаус“, компанија што издава и дистрибуира книги, цедеа, дивидија и други производи што придонесуваат за исцелување на планетата. Лујза Хеј е авторка на над триесет книги за возрасни и за деца, меѓу кои се вбројуваат Како да го промените својот живот, Сакајте се себе до совршено здравје, Јас можам и Излекувајте го своето тело. Книгата Животот те сака, напишана заедно со Роберт Холден, ги истражува подлабоките значења и практичните примени на изја вите по кои Лујза Хеј е позната. Нејзиниот бестселер Моќта е во вас е продадена во над педесет милиони примероци во светот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам