| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Живот осврт кон вашиот животен пат е длабоко медитативна инспиративна и над сè возбудлива книга полна со оптимизам. Таа ќе ви помогне да препознаете и да решите многу значајни прашања со кои се среќавате на својот животен пат. Како и секогаш Лујза Хеј се занимава со најважните теми – детството и растењето себеприфањето врските работата здравјето духовноста стареењето смртта... Искрено човечки и со едноставни зборови таа ви помага на најдобар начин да се соочите со проблемите стравовите и предизвиците низ кои секојдневно поминувате и ви нуди ефикасни решенија за нивно надминување.
Без оглед на тоа со какви пречки се соочувате на својот животен пат, Лујза Хеј постојано ве потсетува дека величествениот, восхитувачки, на моменти застрашувачки или комичен феномен што ќе го искусите од мигот на раѓањето до мигот на заминувањето од оваа наша прекрасна планета, е всушност ЖИВОТОТ. Уживајте во неговото чудо!
Лујза Хеј е авторка на голем број бестселери од областа на здравјето и влијанието на добрата мисла во човековиот живот. Позната е по тоа што покажа дека позитивните изјави, т.е. афирмации, можат да доведат до конкретни позитив ни промени во животот на секој човек. Со своите книги и со многубројните предавања од областа на духовниот развој, инспирира милиони луѓе низ светот. Над триесет години им помага на луѓето на сите меридијани да го откријат и искористат целиот потенцијал на своите креативни сили за личен развој и самоисцелување.
Таа е основач и претседател на „Хеј хаус“, компанија што издава и дистрибуира книги, цедеа, дивидија и други производи што придонесуваат за исцелување на планетата. Лујза Хеј е авторка на над триесет книги за возрасни и за деца, меѓу кои се вбројуваат Како да го промените својот живот, Сакајте се себе до совршено здравје, Јас можам и Излекувајте го своето тело. Книгата Животот те сака, напишана заедно со Роберт Холден, ги истражува подлабоките значења и практичните примени на изја вите по кои Лујза Хеј е позната. Нејзиниот бестселер Моќта е во вас е продадена во над педесет милиони примероци во светот.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам