×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Лесниот начин да престанеш со пушење без да употребиш силна волја

Лесниот начин да престанеш со пушење без да употребиш силна волја

Ален Кар


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 264
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Ален Кар
ISBN: 9786082810386
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
450 ден.

Секој може да се фати во замката на зависноста. И секој може исто толку лесно да се ослободи од неа. 


Зависноста е самотно место. Кога ја отстрануваш од своите навики, не се „откажуваш“ од ништо. Откажувањето подразбира некаква загуба. Во овој случај, ти имаш само придобивки.

Научи како да имаш целосна контрола врз својот живот. Потребен ти е само лесниот метод на откажување – не само од пушењето туку и од сите негативни навики што му штетат на твоето здравје. Алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер... сè што создава зависност.

Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди, престанал да пуши без никаква мака, без употреба на цврста волја и без да се здебели. Така го открил лесниот начин за откажување од пушењето и почнал да го шири низ целиот свет претворајќи го во своја мисија. Тој го разоткрива митот дека пушачите уживаат во пушењето, дека тоа е личен избор, дека ослободува од стрес и опушта. Тој ни покажува што точно стои зад сето тоа – вистинските причини поради кои луѓето почнуваат да пушат и не престануваат, како и јасен метод за брзо и безболно откажување.

Објавена на 40 јазици и продадена во над 14 милиони примероци, оваа книга е светски бестселер токму заради нејзината моќ. Зошто да не ја примениш и ти?

„Поинаков пристап за загарантиран успех.“

„Сан“ 

„Оваа книга е просветлувањето што ме ослободи од зависностите.“

Ентони Хопкинс

Ален Кар

Ален Кар

Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди да се откаже од цигарите (пушел од 60 до 100 на ден), престанал да пуши без да осети никаква мака, без употреба на својата волја и без да се здебели. Му станало јасно дека го открил начинот што светот го чекал – лесниот начин човек да се откаже од пушењето – и ја почнал својата мисија за да ги излекува пушачите буквално во цел свет.

Неговиот метод бил неверојатно успешен, така што стекнал меѓународна репутација на водечки светски стручњак за откажување од цигарите, а и денес насекаде во светот дејствува цела мрежа центри со неговиот метод. Неговата прва книга Лесниот начин на Ален Кар да престанете со пушење, продадена во 14 милиони примероци, останува светски бестселер и е објавена на повеќе од 40 јазици. Илјадници пушачи успешно престанале со пушењето во центрите на Ален Кар познати под името Лесниот начин, каде што со гаранција ќе се откажете од цигарите или парите ќе ви бидат вратени.

Со овој одличен метод успешно се остварува контрола на тежината, алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер и на голем број други зависности и проблеми.

За повеќе информации за Лесниот начин на Ален Кар, посетете ја www.allencarr.com

Види повеќе