Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди да се откаже од цигарите (пушел од 60 до 100 на ден), престанал да пуши без да осети никаква мака, без употреба на својата волја и без да се здебели. Му станало јасно дека го открил начинот што светот го чекал – лесниот начин човек да се откаже од пушењето – и ја почнал својата мисија за да ги излекува пушачите буквално во цел свет.
Неговиот метод бил неверојатно успешен, така што стекнал меѓународна репутација на водечки светски стручњак за откажување од цигарите, а и денес насекаде во светот дејствува цела мрежа центри со неговиот метод. Неговата прва книга Лесниот начин на Ален Кар да престанете со пушење, продадена во 14 милиони примероци, останува светски бестселер и е објавена на повеќе од 40 јазици. Илјадници пушачи успешно престанале со пушењето во центрите на Ален Кар познати под името Лесниот начин, каде што со гаранција ќе се откажете од цигарите или парите ќе ви бидат вратени.
Со овој одличен метод успешно се остварува контрола на тежината, алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер и на голем број други зависности и проблеми.
За повеќе информации за Лесниот начин на Ален Кар, посетете ја www.allencarr.com
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам