×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Војната на уметноста

Војната на уметноста

Стивен Пресфилд


Издавач: ТРИ
Автор: Стивен Пресфилд
ISBN: 9786082309118
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
300 ден.

Победете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност

Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање... а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас.

„Војната на уметноста“ е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел.

Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност.

„Неверојатно јасно и мудро дело за психологијата на творењето.“

Џеј Мекинерни

„Отпорот е гласот во нас што ни повторува да се откажеме, да внимаваме, да не брзаме... Пресфилд е генералот со пет ѕвезди во војната против стравот.“

Сет Годин

Стивен Пресфилд

Стивен Пресфилд

Стивен Пресфилд е американски сценарист и писател, автор на десет романи и десетина книги од областа популарна психологија и самопомош. Најпознат е по светските бестселери Легендата за Багер Венс (1995), Огнена порта (1998), Приливот на војната (2000), Последната Амазонка (2002), Александар: добродетелите на војната (2018), Оклопник (2021). Неговата втора и воедно најпозната книга Огнена порта е официјално вклучена во задолжителната литература за студентите на Воената академија на САД и на Воениот институт во Вирџинија.

Роден е на 1.9.1943 година, во Порт оф Спејн, Тринидад. Дипломирал на Универзитетот Дјук во 1965 година. По една година им се приклучил на маринците. По својата демобилизација во 1971 г. се преселил во Њујорк и работел на многу привремени работни места: рекламен текстописец, тракторист, бармен, работник на пристаниште и на нафтени полиња, чувар во психијатриска болница, магационер. Во времето кога се борел да стане писател еден период живеел како бескуќник, на задните седишта на автомобилот. Сите тие негови искуства наоѓаат одраз во неговата книга Војната на уметноста.

Напоредно со писателската кариера, предава на Воената академија на САД, на Военопоморската академија и во Основната маринска школа во Квантико.

Во 2012 година, заедно со својот агент Шон Коjн, ja основа издавачката куќа Црни ирски книги (Black Irish Books).

Живее во Лос Анџелес со семејството. 

Види повеќе