Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
За да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси.
Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?
Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.
Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.
„Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“
Џена Блек, меѓународен животен тренер
Бријана Вист (11.10.1992) е американска авторка, есеистка и поетеса. Препознатлива е по тоа што со своите книги, есеи и статии за свесноста, духовноста и емоционалната интелигенција им помага на луѓето да пребродат многу животни предизвици.
Студирала на Елизабетанскиот колеџ, на кој дипломирала една година пред своите врсници. Напоредно со студирањето била и асистент на Одделот за маркетинг и комуникација, каде што научила како да ги применува маркетинг-техниките при пишувањето статии.
Никогаш не се одвојува од својот бележник, зашто верува дека „идеите прераснуваат во дела“. „Сè започнува со мисла“ е нејзиното мото. Така ги напишала и своите книги „Сто и една лекција што ќе ви го променат начинот на размислување“, „Вистината за сè“, „Планината си ти“,„Начинот на кој заздравуваме“, како и поетската книга „Солена вода“.
Вист во своите статии најчесто зборува за емоционалната интелигенција, идентификувањето на сопствените чувства и справувањето со нив. Една од нејзините најпопуларни објави, „20 знаци дека ти оди подобро отколку што мислиш“, била споделена на социјалните медиуми повеќе од 8 милони пати. Редовно пишува статии и есеи за „Хафингтон пост“ (Huffington Post), „Тин вог“ (Teen vogue), „Алур“ (Allure). Работела и како уредник на „Тот каталог“ (Thought Catalog) – списание кое достигнало до 70 милиони онлајн читатели. Работи како писател и уредник на „Фајн ливинг Ланчестер“. Има свој сајт, „Анатомија на душата“ (Soul Anatomy), со неколку милиони читатели, на кој спојувајќи ги западната психологија и источната филозофија, доаѓа до значајни одговори за многу секојдневни предизвици.
„Планината си ти“, во која опсежно ја обработува темата на самосаботирањето, ѝ носи светска слава. Нејзините книги се преведени на повеќе од 20 јазици и се продадени во над 1 милион примероци.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам