×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Храброста да се биде среќен

Храброста да се биде среќен

Ичиро Кишими, Фумитаке Кога


Издавач: ТРИ
Автор: Ичиро Кишими Фумитаке Кога
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 254
Година на издавање: 2026
Димензија: 14 x 20.5 cm
ISBN: 9786082810744
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
450 ден.

Што ако еден едноставен избор може да ја отклучи вашата судбина?

Ретко се наидува на книга која на едноставен начин пренесува важни вистини за најсериозните животни прашања: значењето на (само)довербата, надминувањето на односот родител – дете и постигнувањето самостојност, стекнувањето вистинска љубов и длабоки пријателства... И што е уште поважно – книга што нè охрабрува и нè оспособува да ги постигнеме сите свои цели и да го живееме животот што го посакуваме.

Три години по првиот разговор, разочараниот младич е убеден дека учењата на Адлер функционираат само во теорија, а не и во пракса. Но низ новите просветливачки дискусии со филозофот, тој ги продлабочува своите разбирања за моќните Адлерови учења и ги усвојува алатките потребни за да ги примени неговите идеи во хаосот на секојдневниот живот.

Едноставна и трогателна, „Храброста да се биде среќен“ ќе запали факел што ќе ви го осветли животот и ќе го разубави светот што некогаш ви изгледа застрашувачки. Без разлика дали ќе ја читате самостојно или како продолжение на бестеселерот „Храброста да се биде свој“, оваа книга ви нуди нов и смел начин на размислување и живеење. Со своите проникливи увиди, ве оспособува да се ослободите од оковите на минатите трауми и од туѓите очекувања и да ја искористите новостекнатата слобода за да го создадете животот што навистина го посакувате.

Изберете ја „Храброста да се биде среќен“ и ќе изберете исполнет и независен живот благословен со  вистински пријателства, со зрела љубов и со работа што ја сакате.

Ичиро Кишими

Ичиро Кишими

Види повеќе