Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Сите кои сонувате за големи нешта – зачекорете и патот самиот ќе се појави
Секој ден може да стане пресвртен. Секоја година е годината што може да ви го промени животот. Бријана Вист не може да го стори тоа за вас. Ниту нејзините мудри зборови. Но тие можат да ве охрабрат и како стар пријател да ве насочат оддалеку и длабоко однатре.
Ако сте во пресвртен период, ако сè уште го премостувате просторот меѓу местото каде што сте сега и каде што сакате да бидете – запомнете дека личноста што сакате да станете е веќе внатре во вас.
Патувањето што оваа книга ќе ви го приреди го убедува вашиот ум да дејствува постојано и доследно до она што вашето срце знае дека сака да го направи. Книга со 365 дневни лекции и медитации што ќе станат дел од вашето секојдневие. Ова е вашиот референтен водич што ќе ви помогне да се соочите со сите предизвици што ви стојат на патот и ве спречуваат да го остварите посакуваното.
Интерактивна и привлечна книга за лични промени и преобразби. Со нејзино читање и збогатување на своите сознанија, ќе достигнете значаен напредок. Секој следен ден ќе ве натера да застанете пред невидливата порта на можности што досега не сте ја забележале. Не плашете се да влезете внатре, во просторот од кој се раѓа сиот ваш живот.
Зборовите на Бријана Вист допираат директно во душата.
Хода Котоб во Пипл
Бријана Вист (11.10.1992) е американска авторка, есеистка и поетеса. Препознатлива е по тоа што со своите книги, есеи и статии за свесноста, духовноста и емоционалната интелигенција им помага на луѓето да пребродат многу животни предизвици.
Студирала на Елизабетанскиот колеџ, на кој дипломирала една година пред своите врсници. Напоредно со студирањето била и асистент на Одделот за маркетинг и комуникација, каде што научила како да ги применува маркетинг-техниките при пишувањето статии.
Никогаш не се одвојува од својот бележник, зашто верува дека „идеите прераснуваат во дела“. „Сè започнува со мисла“ е нејзиното мото. Така ги напишала и своите книги „Сто и една лекција што ќе ви го променат начинот на размислување“, „Вистината за сè“, „Планината си ти“,„Начинот на кој заздравуваме“, како и поетската книга „Солена вода“.
Вист во своите статии најчесто зборува за емоционалната интелигенција, идентификувањето на сопствените чувства и справувањето со нив. Една од нејзините најпопуларни објави, „20 знаци дека ти оди подобро отколку што мислиш“, била споделена на социјалните медиуми повеќе од 8 милони пати. Редовно пишува статии и есеи за „Хафингтон пост“ (Huffington Post), „Тин вог“ (Teen vogue), „Алур“ (Allure). Работела и како уредник на „Тот каталог“ (Thought Catalog) – списание кое достигнало до 70 милиони онлајн читатели. Работи како писател и уредник на „Фајн ливинг Ланчестер“. Има свој сајт, „Анатомија на душата“ (Soul Anatomy), со неколку милиони читатели, на кој спојувајќи ги западната психологија и источната филозофија, доаѓа до значајни одговори за многу секојдневни предизвици.
„Планината си ти“, во која опсежно ја обработува темата на самосаботирањето, ѝ носи светска слава. Нејзините книги се преведени на повеќе од 20 јазици и се продадени во над 1 милион примероци.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам