Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Што ги прави разговорите функционални? Дознајте како да станете одличен (со)говорник, и на работа и во животот!
Кои луѓе се суперкомуникатори? Оние кои умеат разговорот да го насочат кон успешен заклучок. Способни се да зборуваат за тешки теми без да навредат. Знаат да нè наведат да се чувствуваме удобно и слободно да го кажеме своето мислење. Тие се брилијантни координатори и водичи кон правилни одлуки. Како успеваат во сето тоа?
Комуникацијата е суперсила што ни го олеснува животот. Луѓето кои ја владеат знаат како да ги слушаат сложените емоции, суптилните премислувања и длабоките уверувања на соговорникот. Искуствата, вредностите, емоциите, начинот на кој гледаме на себе и на другите, ја обликуваат секоја наша дискусија – од секојдневните разговори, преку сложените задачи на оперативец на ЦИА кој треба да фати шпион, до хирург кој треба да го убеди својот пациент да верува во медицината. Чарлс Дјухиг ни открива различни техники, совети и вештини за успешно движење низ комуникацијата. Богата со одлични студии и базирана врз најсовремени истражувања, оваа книга ќе го смени начинот на кој размислувате и зборувате. Искористете ги овие сознанија, станете суперкомуникатор!
Победничка комбинација на приказни, студии и насоки што би можеле да ги преобразат и најлошите говорници во одлични!
Адам Грант, автор на бестселерот Размислете уште еднаш
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам