| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Клучот на заведувањето е создавање искушение на кое луѓето не можат да му одолеат.
Кој вид на заводник би можеле да бидете? Сирена, ѕвезда? Шармер, комичар, харизматичен или светец? Можете да бидете што сакате, зашто заведувањето е игра на психологија, не на убавина, и секој може да стане мајстор на таа игра. Способноста за создавање илузија е еден од блескавите дарови на заводникот – привлечна фигура која е способна истовремено и да манипулира, и да заведува и да дава задоволство.
И мамка и уметност, како што го објаснува бестселер авторот Роберт Грин, заведувањето е синоним за индиректна и суптилна форма на моќ. Таа отсекогаш соборувала империи, добивала избори, ги поробувала и големи умови. Истражувајќи ги историјата, книжевноста и животот, Грин создава водич за суштината на едно од најмоќните а невидиливи оружја во историјата.
Научете ги сите стапици и фини трикови, усвојте ги суптилните 24 маневри и стратегии и станете заводник кој лесно стекнува контрола. Тоа нека биде нов почеток што ќе ве води до големи победи!
„Макијавели има нов ривал. И Сун Цу треба да се замисли. Грин состави список на амбициозно и непобедливо однесување.“
Њујорк магазин
Роберт Грин (Лос Анџелес, 14.5.1959) е еден од најпопуларните американски писатели и предавачи. Има завршено класични студии на Универзитетот „Беркли“. Живеел во Њујорк, Лондон, Париз и Барселона. Зборува повеќе јазици и некое време работел како преведувач. Неговата прва книга, „48 закони на моќта“ (The 48 Laws of Power) стана бестселер и преведена е на седумнаесет јазици. Други негови книги се „Уметноста на заведувањето“, „Законите на човечката природа“, „Мајсторство“. Врз основа на искуствата од повеќе војни, книгата „33 стратегии на војувањето“ дава значајни увиди и совети за секојдневните животни борби.
Весниците и социјалните медиуми со внимание ја следат неговата активност, а од „Индепендент“ го нарекоа дури и модерен Макијавели. Некои популарни рапери, како Кени Вест, Јанг Бак и Баст Рајмс, ги споменуваа книгите на Грин во своите песни.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам