Лил Лаундес е меѓународно признат експерт за комуникации која е личен подучувач на највисоките директори во компаниите на листата на списанието Форчен 500, како и на вработените кои редовно комуницираат со странки, во насока на станување поефектни комуникатори. Одржала свои презентации во практично секој позначаен град низ САД; држи комуникациски семинари за американскиот Мировен корпус, за различни странски влади и за големи корпорации.
Покрај тоа што освојува аудиториуми на стотици телевизиски и радиоемисии, за својата работа има добиено големи пофалби од Њујорк тајмс, Чикаго трибјун и од списанието Тајм. Нејзини статии се објавувани во професионални списанија и во популарни изданија како Редбук, Њу вуман, Псајколоџи тудеј, Пентхаус и Космополитен. Живее во Њујорк. Автор е на многу книги, вклучувајќи ги и одлично продаваните Како да направите секој да се вљуби во Вас (How to Make Anyone Fall in Love with You) и Како да бидете магнет за луѓето (How to Be a People Magnet). Ако наидете на какви било комуникациски техники, пратете ѝ ги на Лил – за да може да ги сподели со другите. Многу би сакала да ѝ пишете. Нејзината е-адреса е: leil@peoplemagnet.com.
Би сакале ли уште комуникациски техники од Лил? Пријавете се за нејзиниот бесплатен месечен комуникациски совет. Одете на lowndes.com и кликнете на „Subscribe“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам