×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Читајте ги луѓето како книга

Читајте ги луѓето како книга

Патрик Кинг


Издавач: ТРИ
Автор: Патрик Кинг
ISBN: 9786082309255
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
320 ден.

Книга за брзо читање на луѓето: дешифрирање на говорот на телото, откривање лаги и манипулации и разбирање на човечката природа

Можат ли да се проценат луѓето дури и без да кажат збор? Со помош на оваа книга можете да станете „читач на мисли“ и да создадете длабоки и корисни врски со другите, но и подобро да се запознаете себеси и да си го подобрите животот.

Што можат да ни кажат гестовите на луѓето за нивните емоции? Како да ги дознаеме нивните побуди и скриени мисли? Дали гледањето во очи е сигурен знак за искреност? И зошто во сето тоа контекстот е толку важен?

Ова не е обична книга за говорот на телото и изразите на лицето. Иако ги вклучува сите тие нешта, како и нови техники за успешно разоткривање на лаги и манипулации, „Читајте ги луѓето како книга“ зборува за разбирањето на човечката психологија и природа. Со нејзина помош можете директно и брзо да се поврзете со секој човек, за остварување подобра комуникација и соработка. Но притоа ќе ги разберете и фините сигнали што самите ги праќате и ќе си ги зголемите емоционалната и социјалната интелигенција, својата благосостојба и целокупниот живот.

Патрик Кинг

Патрик Кинг

Патрик Кинг е американски специјалист за социјални односи и докажан автор во областа на популарната психологија. Неговите книги се продадени во милионски примероци низ целиот свет. Тие се одраз на годините што ги поминал во напорна работа во областа на меѓучовечките односи, на искуството како професор и тренер и, секако, на личното искуство од секојдневниот живот. Големо влијание врз неговиот начин на размислување и врз неговиот стил имаат Дејл Карнеги и Наполеон Хил.

 Освен „Читајте ги луѓето како книга“, други популарни дела на Патрик Кинг се „Како да мислиш: практична интелигенција за секојдневниот живот“, „Наука за допадливоста“, „Како да ги слушаш своите намери“, „Интроверт: како да стекнеш пријатели, да имаш пријатна комуникација и да се чувствуваш добро“, „Поттикнувачи на мотивацијата“, „Како да ги контролираме емоциите“, „Искуството на самоспознанието“, „Како да го надминете стравот од јавен настап“, „Харизма“, „Бидете си свој психолог“, „Престанете да им угодувате на луѓето“, „Како да бидете весели, остроумни и креативни“ и многу други.

  Патрик Кинг има богати сознанија за социјалните вештини и за карактерот на луѓето, но има и остро око што ги согледува нештата што ретко кој психолог може да ги забележи. Во комбинација со неговиот допадлив и едноставен стил, збогатен со факти од научни истражувања и лични искуства, книгите на Кинг наидуваат на топол прием и уживаат голема популарност во светот

Види повеќе