| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Оваа книга ќе ве инспирира. Ќе го промени начинот на кој ја гледате сопствената улога како лидер, а со тоа ќе ви го промени и животот. Секој момент бара од нас да бидеме лидери, секој ден треба некој да ве мотивира да станете од креветот. А тој некој сте – вие.
На границата помеѓу фикционален роман и роман за себепомош, Џон П. Стрелецки ни раскажува за најголемиот лидер на светот, Томас Дерејл, кој на возраст од педесет и пет години дознава дека умира. Но дури и кога умира, ги инспирира сите околу него да живеат. Вклучувајќи ве и вас.
Принципите во оваа книга, какви што се големата петка во животот и добро утро за ден во музеј, позитивно влијаеја врз читателите низ светот. Секому на сопствен, уникатен начин, зависно од тоа како ги применил во својот живот, во својата ситуација. Свртете ја страницата, почнете да читате и дозволете си да ве понесе.
Џон П. Стрелецки (роден на 13 септември 1969 година) е автор на мотивациски книги и творец на концептот наречен Големата петка. Неговите книги се меѓу најпродаваните во Америка, но и во светот: Кафулето зошто, Големата петка во животот и нејзиното продолжение Големата петка во животот продолжува, Животно сафари, Враќање во кафулето Зошто, Еурека – моменти на инспирација, Како да се биде богат и среќен.
Освен што се преведени на четириесетина јазици и се продаваат во над четириесет земји, делата на Џон се дистрибуираат и до вработените во голем број компании, меѓу кои се и Ај-би-ем, Америкен експрес, Боинг, Есте Лодер и многу други. Исто така, тие се задолжителна литература на американските универзитети.
Магистрирал на една од најдобрите програми на светот – Келоговата школа за менаџмент на Универзитетот Нортвестерн – и работел како стратешки советник на лидерите низ светот. Заедно со Опра Винфри, Тони Робинс, Стивен Р. Кови и Вејн Дајер, е прогласен за еден од највлијателните инспиративни лидери во областа на раководењето и личниот развој.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам