×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Сесилија Ахерн


Сесилија Ахерн (30.9.1981) е родена во Даблин, Ирска, каде што и живее и работи. Има објавено дваесетина книги, романи и кратки раскази, од кои повеќето се преведени и објавени во 40-тина земји, а некои се и екранизирани.

Дипломирала новинарство и медиумски комуникации на колеџот Грифит во Даблин. Таа е ќерка на поранешниот ирски премиер Берни Ахерн. Сестра ѝ и брат ѝ се членови на поп-групата Вестлајф (Westlife).

Својот прв голем успех го постигнала со романот П. С. Те сакам (2004), кој го напишала на 21-годишна возраст. Со него веднаш ги освоила топ-листите во Ирска, Велика Британија, САД, Германија и Холандија. По три години од објавувањето, според овој роман е снимен истоимениот филм.

Други нејзини популарни романи се Каде што виножитото завршува, Ако можеш да ме видиш сега, Место наречено тука, Благодарам за спомените, Подарокот, Дневник на утрешниот ден, Како да се вљубиш, Годината кога те запознав, На илјада различни начини и др.