×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




П.С. Те сакам

П.С. Те сакам

Сесилија Ахерн


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 420
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Сесилија Ахерн
ISBN: 9789989187308
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Памети ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови... 


Холи и Гери имаат совршен живот. Живеат во Даблин блиску до семејството и пријателите и уживаат во својата љубов. Но пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој ѝ е најдобар пријател, љубовник и сродна душа, ја напушта. Светот престанува да постои, животот застанува. Но Гери ѝ ветил дека секогаш ќе биде до неа – и го исполнува своето ветување со пораките што ѝ ги пишувал додека бил во болница. Холи секој месец чита нова порака од него, која ѝ помага да ја преброди тагата.

П. С. Те сакам е прв роман на Сесилија Ахерн. Преведен е во шеесетина земји и стана бестселер во целиот свет, беше најпродаваниот дебитантски роман во Ирска, Англија, САД, Германија, Холадија... Во 2007 година беше и филмуван.

П. С. Те сакам е топла, духовита, искрена и романтична приказна за благословите на пријателството, семејството и вечната природа на вистинската љубов. Според Космополитен, тој е сензационален првенец кој докажува дека вистинската љубов никогаш не умира.

Див хумор и тага – сето ова во еден фантастичен роман.

Кети Кели

Сесилија Ахерн

Сесилија Ахерн

Сесилија Ахерн (30.9.1981) е родена во Даблин, Ирска, каде што и живее и работи. Има објавено дваесетина книги, романи и кратки раскази, од кои повеќето се преведени и објавени во 40-тина земји, а некои се и екранизирани.

Дипломирала новинарство и медиумски комуникации на колеџот Грифит во Даблин. Таа е ќерка на поранешниот ирски премиер Берни Ахерн. Сестра ѝ и брат ѝ се членови на поп-групата Вестлајф (Westlife).

Својот прв голем успех го постигнала со романот П. С. Те сакам (2004), кој го напишала на 21-годишна возраст. Со него веднаш ги освоила топ-листите во Ирска, Велика Британија, САД, Германија и Холандија. По три години од објавувањето, според овој роман е снимен истоимениот филм.

Други нејзини популарни романи се Каде што виножитото завршува, Ако можеш да ме видиш сега, Место наречено тука, Благодарам за спомените, Подарокот, Дневник на утрешниот ден, Како да се вљубиш, Годината кога те запознав, На илјада различни начини и др.

Види повеќе