×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Љубов, теоретски

Љубов, теоретски

Али Хејзелвуд


Издавач: ТРИ
Автор: Али Хејзелвуд
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 360
Година на издавање: 2024
Димензија: 12.5 x 19.5 cm
ISBN: 9786082309910
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
500 ден.

Дали паѓањето во орбитата на згодниот физичар ќе ја доведе нашата протагонистка во искушение да ги преиспита своите теории за љубовта?


Двојниот живот на физичарката Елси Ханавеј е како од филм. Прекуден е растргната меѓу својата слабо платена професорска работа и желбата да истражува. Навечер својата ниска плата ја надополнува како лажна девојка, користејќи ги своите усовршени вештини за да се преобразува според потребите на клиентите.

За нив, таа е целосен погодок – слатка и внимателна. Исто како и Џек Смит, привлечниот постар брат на нејзиниот омилен клиент – студен физичар што ја уништил кариерата на нејзиниот ментор и со тоа ја разнишал репутацијата на теоретската физика. Истиот Џек кој е член на комисијата пред која Елси треба да ги претстави своите истражувања за да ја добие работата од соништата.

Елси е подготвена да се бори со сите сили, но... што е со збунувачките продорни погледи? Дали електрицитетот меѓу нив може да предизвика експлозија во две непокорни срца?

„Владетелка и кралица во областа на романсите.“
Вашингтон пост

„Али Хејзелвуд е вистинска фабрика за романси.“
Кристин Лорен

Али Хејзелвуд

Али Хејзелвуд

Али Хејзелвуд е псевдоним на современата италијанска писателка која за три години објави пет љубовни романи со кои освои широка читателска публика низ целиот свет. Родена е на 11.12.1989 година, во Италија. Живеела во Германија и во Јапонија пред да замине во Соединетите Американски Држави на докторски студии од областа на невронауката. Работела како професорка по невронаука до 2023 г., кога решава да се посвети на својата писателска кариера.

Главни ликови во нејзините дела се жени во областа на науката. Нејзиниот првообјавен роман Љубовна хипотеза (2021) беше бестселер на Њујорк тајмс повеќе од 40 недели. Во 2022 година го објави својот втор роман, Љубовни неврони, како и три новели: Под еден покривЗаглавена со тебе и Под нулата. Минатата година го објави романот Љубов, теоретски, како и својот прв роман за млади Шах-мат.  Тековнава 2024 година веќе издаде уште два романа – Невеста и Незаљубени, со кои продолжува да ја освојува читателската публика и да се потврдува како авторка со посебен сензибилитет и тематски интерес.

Има објавено и повеќе научни трудови од областа на неврологијата, во кои никој не се бакнува и не е среќен до крајот на животот. Кога не е на работа, може да ја видите како трча, јаде мафини или гледа научнофантастични филмови со своите двајца господари-мачори (и својот малку помалку мачкест сопруг).

Види повеќе