Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи.
Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки... до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!
Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи... А и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.
Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам