| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Аби Абернати е добра и пристојна девојка. Запишувајќи се на факултет во друг град, заедно со својата најдобра другарка, верува дека сеништата од мрачното минато ги оставила зад себе. Но набрзо сфаќа дека новиот почеток не е толку едноставен колку што очекувала.
Згодниот Тревис Медокс е токму од оној тип на момци што таа сака по секоја цена да ги одбегне. Зашто премногу ја потсетува на татко ѝ и на мрачното и опасно минато. Тој ноќе заработува борејќи се, а прекуден заведува девојки. Заскокоткан од нејзиното одбивање, Тревис ја наговара да се обложат ‒ доколку тој изгуби, ќе мора да се откаже еден месец од заведувањето, а доколку таа изгуби, ќе мора да живее исто толку време во неговиот стан. Меѓутоа Тревис не е ни свесен дека ја нашол сродната душа.
Прекрасна катастрофа е книга која маѓепсува со жесток сексапил и зашеметувачка страст. Љубовна приказна која ги истражува и најмрачните аспекти во љубовта на младите, нивните односи со пријателите и семејствата.
„...Мојата нова омилена љубовна приказна со мазохистички шмек.“ Најтли ридинг ривју
Џејми Мекгваер е родена на 6 ноември 1978 година, во Тулса, Оклахома. Студирала на колеџот во Северна Оклахома, на Универзитетот во Централна Оклахома и во Центарот за технолошки науки Отри, каде што дипломирала радиографија. Со години работела како радиограф додека не почнала професионално да се занимава со пишување.
Главно пишува за млади на возраст од 18 до 30 години. Нејзината самостојно објавена книга Убава катастрофа веднаш станала бестселер на списокот на Њујорк тајмс. По постигнатиот успех ѝ бил понуден договор од издавачката куќа Атриа букс. По соработката на неколку книги, Мекгваер одлучила да продолжи со самостојното издавање на своите дела.
Автор е на неколку серијали: Провиденс, Убава, Браќата Медокс, Ред Хил и други, како и на книгите Аполонија, Слатка ништотност и Сите светлинки.
Живее во Стримбоут Спрингс, Колорадо, со својот сопруг и трите деца.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам