| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Местото што ги знае сите тајни.
Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајка на три деца, се буди во Хартиената палата – викендичката што ја посетуваат секое лето. Но ова утро е поинакво. Додека гледа во празните чаши од вино и го слуша ехото од смеата на пријателите, се присетува на страсната средба во мракот со стариот пријател од детството, додека нејзиниот сопруг мирно си разговара со гостите.
Сега Ел е исправена пред судбоносна одлука – дали да го продолжи мирниот живот со својот сакан сопруг Питер или да се одлучи за неизвесен живот за кој отсекогаш мечтаела, со љубовта од детството оневозможена од еден трагичен настан што им ја променил иднината?
Нежен но разурнувачки, „Хартиената палата“ е извонреден роман кој брилијантно ја отсликува растргнатоста помеѓу желбата и сигурноста, и последиците од грешките што семејството ги пренесува врз судбината на идната генерација.
„Исклучително надарена со неверојатна моќ за опишување, Хелер фантастично ни ги слика природата и човечката душа.“
Њујорк тајмс
„Книга што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.“
Паблишер викли
Миранда Каули Хелер (59) израснала во Њујорк, во семејство на уметници, писатели и уредници. Дедо ѝ е познатиот книжевен критичар Малком Каули. Кога била мала, секое лето семејството го поминувало во камп сличен на оној од нејзиниот прв роман Хартиената палата. Уште како дете знаела дека овој камп ќе остави траен белег во нејзиниот живот. Токму доживувањата и искуствата стекнати во него станале инспирација за нејзиното творештво.
По дипломирањето на Харвард работела како уредник во списанието Космополитен. Потоа извесен период живеела во Италија, каде што пишувала за туристички списанија. Кога се вратила со семејството во Лос Анџелес, почнала да работи во HBO, каде што била одговорна за емитувањето на драмските серии Сопранови, Два метра под земја, Жица, Голема љубов, Дедвуд и други.
Во моментов времето го поминува во Лос Анџелес, Лондон и Кејп Код.
Се одвојува од другите современи автори по својата писателска цел, која не е обична амбиција. Со своето искрено пишување сака на читателите да им даде чувство како да биле на патување и да им постави прашања што се позначајни од самите одговори.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам