| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Има ѕвезди и на друго место освен на небото.
Притеснета од долговите и тинејџерските проблеми на своите ќерки, 37-годишната Ана носи брза и луда одлука – да заминат на патување во Скандинавија за да ја видат поларната светлина. По несреќниот развод, затворена во кругот на рутината, Ана сфаќа дека животот ѝ одминува исто толку брзо колку и на нејзините ќерки. 17-годишната Клое живее во соништа за иднината и постојано е во потрага по љубовта на својот живот. 12-годишната Лили, пак, е девојче кое повеќе сака да се дружи со својот глушец. Сите три се совршена комбинација. Читајќи ги нивните записи, влегуваме во внатрешниот свет на три жени, три различни гласови.
Ќе успее ли тоа патување да им го промени животот и да ја стопи далечината меѓу нив? Зашто дури и на растојание од 17.000 километри, може да се биде заедно. Само треба да се знае како.
Моментално најпознатата француска романсиерка блеснува со забавен и длабоко искрен роман за тоа како да се сакаш себеси, другите и целиот свет. „Приказна полна со емоции, хумор и нежност. Полна со живост.“
Фем актуел
Виржини Грималди е современа француска авторка и блогерка, која од 2014 година е една од најчитаните француски романсиери.
Родена е во 1977 година, во Жиронд, близу Бордо. Желбата за пишување била поттикната од тетратката со песни на нејзината баба, па таа уште на осум години го скицирала својот прв роман. Во 2009 година отворила свој блог, „Femme Sweet Femme“, на кој претежно објавувала хумористични написи под псевдонимот Жини.
Во 2014 година го објавува првиот роман „Денот кога почнав да живеам“, кој многу брзо ги освоил читателите и таа станала вистинско литературно откритие во Франција. Потоа следувале романите „Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“, 2016; „Мирисот на среќата е посилен од дождот“, 2017; „Време е повторно да ги запалиме ѕвездите“, 2018; „Кога нашите сеќавања ќе заиграат“, 2019; „Само слатките мигови остануваат“, 2020; „Можности“, 2021. Сите седум романи стануваат бестселери. Во 2019 и 2020 година е меѓу Топ 10 француски романсиери на „Фигаро/ГфК“ според бројот на продадени книги.
Во 2018 година ја објавува збирката „Драга бабо“, хумористични „разгледници“ првобитно објавувани на Инстаграм и упатени до нејзината баба, а во 2020 нејзиното продолжение. Средствата од продажбата на двете збирки ги донира во хуманитарни цели.
Нејзините романи се преведени на повеќе од дваесет јазици.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам