Иви Данмор е германско-либанска авторка која со својот дебитантски роман „Покорувајќи го војводата“, прва книга од серијалот „Здружение на извонредни жени“ (А League of extraordinary women), се стекна со светска слава и стана особено популарна меѓу љубителите на историската фикција и романтичната белетристика.
Има завршено магистратура во областа на дипломатијата на Оксфорд и работи како стручен советник за одржлив развој. Член е на Британското друштво на писатели на романтични романи.
Живее и твори во Берлин, инспирирана од магичниот пејзаж на Оксфорд и страста за романтиката, жените пионери и викторијанската ера. Како поборник за женскиот глас, нејзините ракописи изобилуваат со храбри женски ликови претставени како непокорни и самостојни жени. Главно се концентрира на нивната борба за право на глас, особено во периодот на владеењето на Викторија, која била против движењето на жените за еднакви политички и општествени права. Со секоја книга Иви Данмор стекнува сè поширока читателска публика и има сѐ поголемо влијание во современата белетристика.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам