×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Покорувајќи го војводата

Покорувајќи го војводата

Иви Данмор


Издавач: ТРИ
Автор: Иви Данмор
ISBN: 9786082308180
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Таа ја ризикува својата иднина за него, а тој го губи своето место во историјата заради неа.

 

Англија, 1879 година. Анабел Арчер, брилијантната но сиромашна ќерка на селскиот викар, се изборува за место во првата група студентки на Оксфорд. За да возврати за добиената стипендија, мора да го поддржува движењето за глас на жените. Нејзина должност: да ги придобие мажите да се залагаат за женските права. Нејзина цел: Себастијан Деверо, студениот и тврдокорен војвода од Монтгомери кој ја води британската политика под контрола на кралицата. Нејзин предизвик: да не попушти пред моќната привлечност на војводата, која е невоможно да се игнорира.

 

Но ниту тој не може да остане рамнодушен, колку и да се убедува дека му е потребна сопруга со ист социјален статус и со наследство. Умешниот стратег потклекнува пред зелонооката Анабел...

 

Растргната меѓу љубовта и волјата за слобода, Анабел ќе открие што е потребно за да се покори еден војвода.

 

„Данмор го доловува духот на ерата со блескава живост, разбивајќи ги стереотипите за викторијанска Англија, запознавајќи нè со група извонредни жени кои одбиваат да живеат како случајни минувачи во своите животи.“

Ентертејмент викли

 

„Шармантно, заводливо и апсолутно возбудливо – токму како што треба да изгледа една историска романса!“

Паблишерс викли

Иви Данмор

Иви Данмор

Иви Данмор е германско-либанска авторка која со својот дебитантски роман „Покорувајќи го војводата“, прва книга од серијалот „Здружение на извонредни жени“ (А League of extraordinary women), се стекна со светска слава и стана особено популарна меѓу љубителите на историската фикција и романтичната белетристика.

Има завршено магистратура во областа на дипломатијата на Оксфорд и работи како стручен советник за одржлив развој. Член е на Британското друштво на писатели на романтични романи.

Живее и твори во Берлин, инспирирана од магичниот пејзаж на Оксфорд и страста за романтиката, жените пионери и викторијанската ера. Како поборник за женскиот глас, нејзините ракописи изобилуваат со храбри женски ликови претставени како непокорни и самостојни жени. Главно се концентрира на нивната борба за право на глас, особено во периодот на владеењето на Викторија, која била против движењето на жените за еднакви политички и општествени права. Со секоја книга Иви Данмор стекнува сè поширока читателска публика и има сѐ поголемо влијание во современата белетристика. 

Види повеќе