×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Уметноста на наследување тајни

Уметноста на наследување тајни

Барбара Онил


Издавач: ТРИ
Автор: Барбара Онил
ISBN: 9786082307923
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
500 ден.

Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.

Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок.

Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори.

Само еден поглед кон дворецот Роузмер ќе ѝ биде доволен да сфати дека мајка ѝ со години го сликала на своите платна. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини. Иако нејзиниот стар живот ја чека да се врати, таа полека се вљубува во англиското село и неговите жители и ја прифаќа новата љубов...

Прекрасен стил, воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.

Киркус ривју

Барбара Онил

Барбара Онил

Барбара Самјуел, попозната како Барбара О’Нил, е авторка на повеќе од 60 бестселери

од жанрот женска фикција, вклучувајќи ги Уметноста на наследување тајни, Како да испечеш совршен живот, Изгубениот рецепт за среќа, Градината на среќните краеви, Дел од рајот, Дома е најубаво итн. Нејзините книги се објавени во десетици држави: Франција, Англија, Полска, Русија, Австралија, Турција, Италија, Германија, Бразил и многу други.

Седумпати ја добила наградата РИТА, најпознатата американска награда за љубовен или друг вид романтичен роман.

Барбара О’Нил живее во Колорадо Спрингс со својот партнер Кристофер Робин, британски атлетичар, кој е страстен градинар, фотограф и патешественик.

Види повеќе