| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Од каде некои луѓе ја црпат својата бесконечна самодоверба?
Од грне на крајот од виножитото? Би сакала и јас да го најдам.
Скарлет Вандермир плива против струјата. Студентка на Стенфорд и натпреварувачка во скокови во вода, претпочита да чекори со спуштена глава, да ги избегнува забавите и да учи посветено за да се запише на медицинскиот факултет. Борејќи се да ја надмине старата повреда на рамото и да излезе од менталната блокада што се заканува да ѝ ја уништи кариерата, таа се убедува дека нема време за врски.
Но сето тоа е ставено на тест кога ќе стане свесна за постоењето на Лукас Бломквист – капитен на пливачкиот тим, светски шампион, поранешно момче на нејзината најдобра другарка.
На прв поглед, Лукас и Скарлет немаат ништо заедничко. Сè додека случајно не се открие една добро чувана тајна, која ќе промени сè.
Тензиите се зголемуваат – и поради приближувањето на олимписките квалификации и поради привлечноста меѓу нив. Она што почнува како необврзувачка авантура, постепено заличува на вистинска емотивна врска. Скарлет сфаќа дека нејзиното срце тоне во длабоки, забранети води...
„Али Хејзелвуд заслужува златен медал за највозбудливата книга на годината.“
Лорен Ашер
Али Хејзелвуд е псевдоним на современата италијанска писателка која за три години објави пет љубовни романи со кои освои широка читателска публика низ целиот свет. Родена е на 11.12.1989 година, во Италија. Живеела во Германија и во Јапонија пред да замине во Соединетите Американски Држави на докторски студии од областа на невронауката. Работела како професорка по невронаука до 2023 г., кога решава да се посвети на својата писателска кариера.
Главни ликови во нејзините дела се жени во областа на науката. Нејзиниот првообјавен роман Љубовна хипотеза (2021) беше бестселер на Њујорк тајмс повеќе од 40 недели. Во 2022 година го објави својот втор роман, Љубовни неврони, како и три новели: Под еден покрив, Заглавена со тебе и Под нулата. Минатата година го објави романот Љубов, теоретски, како и својот прв роман за млади Шах-мат. Тековнава 2024 година веќе издаде уште два романа – Невеста и Незаљубени, со кои продолжува да ја освојува читателската публика и да се потврдува како авторка со посебен сензибилитет и тематски интерес.
Има објавено и повеќе научни трудови од областа на неврологијата, во кои никој не се бакнува и не е среќен до крајот на животот. Кога не е на работа, може да ја видите како трча, јаде мафини или гледа научнофантастични филмови со своите двајца господари-мачори (и својот малку помалку мачкест сопруг).
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам