Рене Шафрански е американска писателка и психотерапевтка. Нејзините написи и есеи биле објавувани во најразлични изданија, меѓу кои Вилиџ војс, Конде Наст травелер, Саутемптон ривју. Пишувала сценарија за големи филмски студија и телевизиски драми за Ејч-би-оу и Пи-би-ес, и соработувала со познати режисерски имиња како Херолд Рамис. Била во брак со Спалдинг Греј и продуцент на неговиот славен филмски монолог Пливајќи до Камбоџа во режија на Џонатан Дем. Работи како психотерапевт во Њујорк и во Саг Харбор, каде што живее со својот партнер Ник и нивното куче Хичкок.
Совети за преживување е нејзиното прво книжевно дело.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам