Клер Елизабет Мери Мекинтош е современа британска авторка на трилери и криминалистички романи. Нејзините дела се преведени на околу 35 јазици и се продадени во над два милиона примерока.
Родена е на 28 август 1976 година, во Бристoл, Англиja. Завршила француска филологија и менаџмент на Лондонскиот универзитет „Ројал Холовеј“, по што специјализирала во Париз и работела като двојазичен секретар. Потоа се вработила во полицијата и била прекомандувана во Чипинг Нортон како градски стажант. По извесно време станува оперативен инспектор на полицијата на Темза Вали во Оксофрдшир, вклучително и во Службата за криминалистички истраги и во одделот Заштита на јавниот ред. По 12 години поминати во силите на редот и законот, во 2011 г. ја напушта полицијата и почнува да работи како писателка, хонорарна новинарка и консултантка во социјалните медиуми.
Првиот трилер, „Te oставив да заминеш“, го издава во 2014 г. Тој станува бестселер на „Сандеј тајмс“ и во 2016 година ја освојува популарната награда за криминалистичка литература на Велика Британија – „Тикстон олд пекјулиер крајм новел“. Нејзиниот трилер „Те гледам“ од 2016 г. ја освојува француската награда „Полар“ и е најпродаван на „Сандеј тајмс“. И следниот нејзин трилер, „Остави ме да лажам“ од 2018 година станува бестселер на „Сандеј тајмс“.
Во 2019 г. го издава романот „По крајот“, во 2020 г. новелата „Донатор“, а во 2021 г. романот „Заложници“. Во 2019 година издава избор од своите колумни насловен како „Костволдски семеен живот“. Исто така, коавторка e на романот „Замена“ од 2019 година.
Клер Мекинтош е основачка и поранешна раководителка на литературниот фестивал „Чипинг Нортон“. Покровителка е на „Сребрена ѕвезда“, добротворно здружение што ја потпомага работата на болницата „Џон Радклиф“.
Живее со своето семејство во гратчето Чипинг Нортон.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам