×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Заложници

Заложници

Клер Мекинтош


Издавач: ТРИ
Автор: Клер Мекинтош
ISBN: 9786082308647
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
500 ден.

Можете да спасите илјадници непознати животи или еден, на човекот кој ви значи најмногу

Клаустрофобичен трилер чиј заплет се случува во тесниот простор на еден авион. Има уште 12 часа до слетувањето, во кои можат да се случат многу нешта. Особено ако се последни...

Мина е стујардеса која дава сè од себе да им го направи спокоен летот на патниците. Се обидува да ги заборави домашните проблеми – разнишаниот брак и петгодишната ќерка со синдром на нарушена приврзаност. Но овој пат тоа е невозможно. Зашто по полетувањето добива заканувачка порака од анонимен патник кој е решен да не слетаат во Сиднеј. Некој кој ѝ ја знае слабата точка и знае како да ја услови: „Следниве инструкции ќе го спасат животот на ќерка ти...“

Кога неколку патници се убиени и ситуацијата излегува од контрола, Мина знае дека мора да преземе нешто. Патниците за кои е одговорна или... ќерката и сопругот кои се под закана, врзани во нивниот дом. Дилемата е морничава, исто како и расплетот. Ова е најнапнатиот лет во историјата на трилерите.

„Роман што хипнотизира. Ќе биде хит, а веројатно и класика.“

Ли Чајлд

„Застрашувачки трилер.“

Шари Лапена

Клер Мекинтош

Клер Мекинтош

Клер Елизабет Мери Мекинтош е современа британска авторка на трилери и криминалистички романи. Нејзините дела се преведени на околу 35 јазици и се продадени во над два милиона примерока.

Родена е на 28 август 1976 година, во Бристoл, Англиja. Завршила француска филологија и менаџмент на Лондонскиот универзитет „Ројал Холовеј“, по што специјализирала во Париз и работела като двојазичен секретар. Потоа се вработила во полицијата и била прекомандувана во Чипинг Нортон како градски стажант. По извесно време станува оперативен инспектор на полицијата на Темза Вали во Оксофрдшир, вклучително и во Службата за криминалистички истраги и во одделот Заштита на јавниот ред. По 12 години поминати во силите на редот и законот, во 2011 г. ја напушта полицијата и почнува да работи како писателка, хонорарна новинарка и консултантка во социјалните медиуми.

Првиот трилер, „Te oставив да заминеш“, го издава во 2014 г. Тој станува бестселер на „Сандеј тајмс“ и во 2016 година ја освојува популарната награда за криминалистичка литература на Велика Британија – „Тикстон олд пекјулиер крајм новел“. Нејзиниот трилер „Те гледам“ од 2016 г. ја освојува француската награда „Полар“ и е најпродаван на „Сандеј тајмс“. И следниот нејзин трилер, „Остави ме да лажам“ од 2018 година станува бестселер на „Сандеј тајмс“.

Во 2019 г. го издава романот „По крајот“, во 2020 г. новелата „Донатор“, а во 2021 г. романот „Заложници“. Во 2019 година издава избор од своите колумни насловен како „Костволдски семеен живот“. Исто така, коавторка e на романот „Замена“ од 2019 година.

Клер Мекинтош е основачка и поранешна раководителка на литературниот фестивал „Чипинг Нортон“. Покровителка е на „Сребрена ѕвезда“, добротворно здружение што ја потпомага работата на болницата „Џон Радклиф“.

Живее со своето семејство во гратчето Чипинг Нортон.

 

Види повеќе