| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Цело време околу нас се случуваат работи што нашите сетила не можат да ги уловат.
По трагичната смрт на родителите во пожар, четиринаесетгодишниот Ричард е посвоен и оди да живее во едно далечно, провинциско гратче во кое не може да најде никаква смисла – ниту вистински пријатели.
Кога при една прошетка крај реката неговиот соученик Том исчезнува, сомнежот паѓа врз него. Никој не му верува дека телефонската говорница покрај шумата го вовлекла Том во слушалката, како во хорор-филм. Следејќи ги трагите што полицијата одбива да ги истражи, се јавува на истиот број. И тогаш започнува вистинскиот хорор...
Кога и друг негов соученик исчезнува, Ричард мора да најде начин да го зачува разумот и да ја докаже својата невиност. Истражувањето го носи во полураспаднатата палата во шумата, на чиј прозорец здогледува едно лице – познато лице. Местото е обземено од црна магија, која ја опседнува и неговата единствена другарка која му верува и која е подготвена да му помогне. Но од друга страна, можеби Ричард не е најсигурен раскажувач на сопствената приказна...
„Несбе сериозно стапна на територијата на Лавкрафт.“ Мејл он сандеј
„Несбе е мајстор на напнатоста. Неговата имагинација и репертоарот на наративни трикови никогаш нема да пресушат.“ Нетависен
Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар и економист, водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија и бизнис- администрација во 1986 година, работел како берзански брокер и новинар, бил фудбалер, пејач во рок-бендот Ди дере. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на педесет јазици и продадени во над 33 милиони примероци. Автор е и на серијалот за деца Доктор Проктор – првата книга излегува во 2007 година, а по неа следуваат уште 4 забавни авантуристичко-детективски романи за деца и млади. Серијалот за доктор Проктор доживува голема популарност во Норвешка и брзо добива и своја филмска верзија. Објавил и неколку збирки раскази: Музиката од каруселот (Karusellmusikk, 2001; издава и музички албум со истиот наслов), Островот на стаорци и други раскази (2021), како и повеќе самостојни романи: филмуваниот Ловци на глави, потоа Макбет, Синот, Кралството, Белиот хотел.
Ју Несбе несоменено е невообичаено надарен автор со одлични познавања од психологијата, кој освoјува не само со мајсторскиот стил туку и со сижејните линии што секогаш изненадуваат.Читателот низ неговите романи ги следи трагите во бруталниот свет полн со злосторства, онака како што тоа го прави инспекторот Хари Хуле. Несбе го користи традиционалниот начин на пишување детективски роман, ја разгорува жедта за непознатото преку познатото. Неговите непридвидливи чекори ги комплетираат очекувањата и квалитетите што еден роман го прави трилер. Името на Несбе е првото што ќе го здогледате во книжевниот свет на 21 век на полиците меѓу трилерот, мистеријата и злосторството. Критичарите од целиот свет му оддаваат признание за збогатување на криминалистичкиот жанр.
Меѓу најпознатите дела му се Лилјакот (1997, првиот роман од серијата за Хари Хуле, кој ја добива наградата Стаклен клуч за најдобар скандинавски детективски роман, како и меѓународната награда Ривертон за најдобар криминалистички дебитантски роман), Црвеношијка (2000, Роман на годината на Здружението на книжари на Норвешка за 2000 г.; прогласен за најдобриот норвешки криминалистички роман на сите времиња), Соломоновиот знак (2003, награда на Финската академија), Снешко (2007, Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади Доктор Проктор (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010). Други познати романи му се Оклопно срце (2009), Сеништето (2011), Жед (2017), Полноќно сонце (2017) итн. Има основано фонд за помош за описменување на земјите од Третиот свет, на кој му го има заветено своето наследство. Живее и работи во Осло.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам