×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Убиваш за мене, убивам за тебе

Убиваш за мене, убивам за тебе

Стив Кавана


Издавач: ТРИ
Автор: Стив Кавана
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 386
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
ISBN: 9786082810478
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
550 ден.

Брилијантен психолошки трилер за две жени кои склучуваат договор за меѓусебна одмазда: Убиваш за мене, убивам за тебе
 

Една ноќ, во група за поддршка во Њујорк, се среќаваат две жени што никогаш претходно се немаат видено. По неколку пијачки, Аманда и Венди сфаќаат дека имаат многу заеднички работи – и двете се несреќни и имаат огнена желба да им се одмаздат на мажите што им ги уништиле семејствата. Наскоро смислуваат совршен и крвав план.

Во другиот дел од градот, останата сама дома, Рут е нападната од маж со продорни сини очи кој исчезнува во ноќта. Дали некогаш повторно ќе се чувствува безбедно додека синоокиот демне во близина?

Авторот на „13“ и „Фифти-фифти“ повторно се надмина себеси со овој морничав и непредвидлив трилер што не можеш да го оставиш додека не ги дознаеш мотивите за одмаздата.

„Експлозивни и пресвртни откритија, кои во комбинација со необичната поврзаност на емоционалните бранувања на главните ликови, создаваат диво и неверојатно задоволувачко движење низ романот.“

Паблишерс викли

Стив Кавана

Стив Кавана

Стив Кавана е современ ирски романсиер и адвокат. Роден е во 1976 година, во Белфаст. На осумнаесетгодишна возраст заминал за Даблин, каде што дипломирал право. Се занимава со граѓанско право и има учествувано во неколку големи правни случаи. Во 2010 година застапувал еден работник во фабрика кој бил малтретиран на работното место поради својата расна припадност, при што го добил случајот со највисоко обесштетување за расна дискриминација во правничката историја на Северна Ирска. Има сертификат за напредно застапување и држи предавања на различни теми од правната област.

Автор е на 10 романи, сите во најтесна конкуренција за престижни награди. Првиот роман од серијалот за Еди Флин, Одбрана, го објавува во 2015 година. Неговиот роман Лажго ја освои наградата Златнa кама на Здружението на криминалистички автори (CWA) за 2018 година, а романот Тринаесет во 2019 година беше прогласен за Криминалистички роман на годината. Заплеткано се најде на списокот десет најпродавани наслови на Сандеј тајмс. Сите негови романи за Еди Флин се преведени на повеќе јазици и се објавени во над дваесет земји.

Кавана е во брак и има две деца. За повеќе информации, посетете го неговиот веб-сајт или следете го на Фејсбук и на Твитер. 

www.stevecavanaghauthor.com

SSCav1

@SSCav

Види повеќе