×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Двојката од соседството

Двојката од соседството

Шари Лапена


Издавач: ТРИ
Автор: Шари Лапена
ISBN: 9786082305370
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
400 ден.

Книга која веднаш стана бестселер на Њујорк тајмс

Ен и Марко Конти навидум имаат сè – љубов, убав дом и прекрасно бебе. Но една ноќ, додека се на вечера кај првите соседи, се случува ужасно злосторство. Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Меѓутоа вистината не е толку едноставна. Внатре, зад спуштените завеси на куќата, полека се отплеткува потресната приказна за она што се случило. Детективот Резбак знае дека испаничената двојка нешто крие. И Ен и Марко набргу сфаќаат дека и двајцата имаат тајни што со години ги криеле еден од друг... Морничаво разоткривање на едно семејство. Напната приказна за измама, дволичност и неверство што ве остава без здив сè до конечниот шокантен пресврт.

„Пресвртот се случува толку брзо колку што брзо ги вртите страниците“ – Пипл

„Го прочитав романот во еден здив, aпсолутно фасцинирана од приказната. Неизвесноста е жестока и одлично предадена!“ – Сју Графтон, автор на Икс, бестселер на Њујорк тајмс

Шари Лапена

Шари Лапена

Шари Лапена е родена во 1960 година, во Канада. Пред да почне посериозно да се занимава со пишување работела како адвокат и како наставничка по англиски јазик. Нејзиниот прв трилер „Двојката од соседството“ беше најпродавано дело според Њујорк тајмс и стана глобален бестселер.

Авторка е на романите „Кога работите ќе се разлетаат“, објавен во 2008 година, и „Економија на среќата“, во 2011 година.

„Несаканиот гостин“ е нејзиниот трет трилер по што ги објавува „Некој што го познаваме“, „Нејзиниот крај“, „Несреќно семејство“, „Сите овде лажат“, „Што направи?“, „Не го очекуваше тоа“ и последниот кој беше објавен во 2026 г. „Како да се извлечеш со убиство“. Сите нејзини трилери може да се читаат одделно, но и редоследно по годината на излегување.

Со својот стил на раскажување Шари Лапена мајсторски ја пренесува неизвесноста на настаните и го држи читателот во возбудлива напнатост до последната страница.

Види повеќе