| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Очекуваме од нашите судии да бидат чесни и мудри ‒ нивниот интегритет и нивната непристрасност се темелот на целиот правосуден систем.
Со својата долгогодишна работа како агент во Комисијата за судиска етика, Лејси Столц смета дека повеќето проблеми во работата на судиите се должат на некомпетентност, а не на корупција. Но на нејзината маса завршува токму таков случај. Еден бивш адвокат, кој се враќа во фелата под новото име Грег Маерс, тврди дека судијката Клодија Мек-Довер е најкорумпираниот судија во историјата на американското правосудство. Не само што за поткуп вмешала прсти во изградбата на големо казино во индијански резерват во кој важат други закони, туку е и тесен соработник на мозокот што стои зад сето тоа, фантомскиот мафијашки бос Вон Дјубоз. Планот со години функционира совршено.
Сега Грег и неговиот анонимен клиент ‒ Тајниот сведок ‒ сакаат да ја разоткријат судијката за милионска награда.На Лејси веднаш ѝ станува јасно дека тоа може да биде опасно. Што ако буквално си го става животот на коцка?...
Од мајсторот на правниот трилер Џон Гришам, нов, опасно возбудлив роман за корупцијата во темните ќошиња на сончевата Флорида.
Џон Гришам е американски автор на правни трилери. Роден на 8 февруари 1955 во Џонсборо, како син на градежен работник и домаќинка. Во детството сонувал да биде професионален безбол-играч, но го одбира правото како професија, дипломира на правни студии во 1981 г. и речиси десет години води адвокатска пракса.
Пресудно за неговиот писателски позив е потресното сведочење на една дванаесетгодишна жртва на силување во судницата, што му дава инспирација за првиот роман, Време за убиство. По тригодишно пишување и скромен успех, веднаш се зафаќа со пишувањето на втората книга. Романот Фирма станува светски бестселер во 1991 г. и важи за феномен во издаваштвото. Во својата плодна кариера, Гришам има напишано 33 романи, голем дел од нив светски бестселери и класики во својот жанр и девет филмски остварувања. Само еднаш прави пауза од пишувањето за да се врати во судницата во 1996 г. во улога на адвокат.
Живее со својата жена Рене со која има две деца. Сè уште ја негува страста кон бејзболот како покровител на малата лига во својата заедница. Кога не пишува, го посветува времето на хуманитарни цели, како фондот Rebuild the Coast за ревитализација по ураганот Катрина. Член е и на проектот Innocence за ослободување на погрешно обвинети лица со помош на ДНК докази.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам